Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пановски: Лекарите во Гостивар мора да ги добијат резултатите од анализите за да знаат како да ги лекуваат пациентите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Пановски: Лекарите во Гостивар мора да ги добијат резултатите од анализите за да знаат како да ги лекуваат пациентите
Blog

Пановски: Лекарите во Гостивар мора да ги добијат резултатите од анализите за да знаат како да ги лекуваат пациентите

Објавено July 20, 2026 18:12
Сподели
Сподели

Небулозни се изговорите на власта која не ги споделува јавно наодите од анализата на водата од градскиот водовод во Гостивар, за да не ја наруши истрагата, оценува микробиологот Никола Пановски.

Тој во изјава за ТВ Телма вели дека за резултатите од анализите веднаш мора да бидат известени лекарите во Гостивар кои се грижат за пациентите, за да знаат со што се соочуваат и од што да ги лекуваат.

Според него, истрагата не може да биде поважна од здравјето на пациентите и изговор за да не се соопштат резултатите.

„Ваква работа не сум чул ниту во светот, иако многу глупости сме слушнале, особено за време на ковидот и од страна на највисоките здравствени власти, но, ваква небулоза не сум чул. Како прво, што ако Обвинителството не побараше лабораториски резултати? Што правеа службите, што прави Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје? Значи, водата во Гостивар, град со 30-40 илјади луѓе, најмалку еднаш дневно се испитува, без да каже Обвинителството“,вели Пановски за Телма.

Дополнително, тој на Фејбсук сподели пример и вели дека секоја сличност со Гостивар е намерна.

„Пациент се лекува во болница со симптоми на труење. Обвинителството се сомнева во намерно труење или труење заради небрежност, па нарачува лабораториски тестови. Болницата, спротивно на протокол не направила такви тестови. По 4 дена резултатите се готови и со нив располага обвинителството, забранува истите да се објават во интерес на истрагата. Причината за труење е позната но само за обвинителатвото. Лекарот не ја знае. Додека трае истрагата пациентот починува. По завршување на истрагата јасно е дека постоел лек кој би го спасил пациентот, но во интерес на истрагата, отишол како колатерална штета. ПС. Секоја сличност со Гостивар е намерна. ПС. По завршување на истрагата, семејството на пациентот ќе го тужи обвинителството за убиство, а здравствените власти за не пружање на помош“,укажува Пановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија EУ го казни „Али Експерс“ – продавале нелегални, небезбедни и фалсификувани производи
Следна Статија Енди Бернам официјално ја презеде функцијата британски премиер по промената во Лабуристичката партија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Нов сензор за слики го пробива оптичкиот лимит

Технологијата за сликање целосно ги трансформира нашите набљудувања на универзумот - од мапирање далечни галаксии до откривање микроскопски детали во

December 26, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Близнаци – вторник, 28 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Активацијата на креативната енергија е на врвот денес, подгответе се да обилуе во нови идеи…

January 28, 2025
Blog

Samsung Galaxy S26 Ultra: Датум на пуштање и очекувања

Samsung ќе го лансира Galaxy S26 Ultra, Galaxy S26+ и Galaxy S26 овој месец. Кога може да очекувате лансирање, претпродажба,…

February 10, 2026
Blog

Steins;Gate Re:Boot: Одложен до 2026 година, објавени се претходни слики

Визуелниот роман Steins;Gate Re:Boot е одложен од 2025 на 2026 година

November 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?