Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи, Собранието ја отфрли интерпелацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи, Собранието ја отфрли интерпелацијата
МАКЕДОНИЈА

Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи, Собранието ја отфрли интерпелацијата

Објавено April 29, 2025 19:34
Сподели
Сподели

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 „за“, а немаше воздржани. Интерпелацијата што ја поднесе Левица, ја поддржаа СДСМ и ДУИ. Базирана е на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.

Расправатаја одбележаа меѓусебни обвинувања за институционални пропусти, политичка одговорност и неспособност во справувањето со безбедносните предизвици. Левица го обвини Тошковски дека несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.

Според Левица, МВР потфрлило со тоа што дало согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир, плус безбедноста на сообраќајот како во сопствените надлежности за проверка на работно време, на гласност и бучавост, на присуство на малолетници после полноќ, на точење алкохол и употреба на наркотички супстанции. Останатите пет основи за интерпелацијата се однесуваат на уапсени граѓани во гостиварско кои чистеле црква, на непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуана која ја чувала полицијата, за случајот со апсењето и притоворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни, и, како што велат, на катастрофалната кадровска политика во Министерството исполнета со непотизам и кронизам.

Министерот Тошковски во текот на расправата рече дека не се плаши од одговорност и оти останува на функцијата за да се соочи со вистината и да ги разјасни сите дилеми. Се осврна на сите точки од интерпелацијата, вклучително и трагичниот настан во дискотеката во Кочани, нагласувајќи дека во овој случај МВР нема направено пропуст. Тој потенцира дека лиценцата за дискотеката „Пулс“ била фалсификувана, а во однос на пиротехничките средства, нагласи дека МВР работи согласно закон.

Тошковски посочи дека институциите преземаат мерки за сите отворени случаи, меѓу кои и кражбата на марихуана во Карбинци, злоупотребата на службени документи кај припадник на полицијата, и протестите поврзани со случајот со црквата во Галате. Ги отфрли тврдењата за етнички предзнак и обвини одредени структури во ДУИ и СДСМ за обид за дестабилизација.

Претходно, во тек на паузата на седницата, Тошковски оствари средба со родителите на настраданите во пожарот кои денеска одржаа марш во Скопје, а беа на средба и во Јавното обвинителство.

Во тек на расправата, Левица побара на седницата да присуствуваат родителите на настраданите во пожарот во Кочани, а претседателот на Собранието Африм Гаши тоа го оцени како манипулација со јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми
Следна Статија Хрватите никогаш не го засакаа папата Франциск бидејќи не сакаше да го канонизира Степинац

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Колективна оставка на членовите на Комисијата за помилување

Професорот Гордан Калајџиев од Правниот факултет објави на Фејсбук дека членовите на Комисијата за помилување колективно поднесуваат оставка од нивните…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Началникот од Демир Хисар разрешен поради непрофесионално однесување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Скопје попладнево е зафатено од пороен дожд, ветер и грмотевици. Засега нема информации за причинета материјална штета. Синоптичарите за денеска…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подготвителна седница за Законот за јазици на 19 јуни

Претседателот на уставниот суд Дарко Костадиновски најави дека на 19 јуни ќе се одржи подготвителната седница за Законот за употреба…

May 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?