Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Папата Франциск го донираше „папамобилот“ на децата од Газа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Папата Франциск го донираше „папамобилот“ на децата од Газа
СВЕТ

Папата Франциск го донираше „папамобилот“ на децата од Газа

Објавено May 5, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Папата Франциск го донираше својот познат „папамобил“ на децата во Појасот Газа, објави „Ватикан њуз“. Возилото ќе биде претворено во мобилна медицинска единица за деца, која ќе им обезбеди основна здравствена заштита во контекст на хуманитарна катастрофа.

Во текот на неговите 12 години на чело на Католичката црква, папата Франциск постојано ја нагласуваше важноста на мирот и сочувството, особено кон децата погодени од војните низ целиот свет, од Украина до Кавказ, Блискиот Исток и Африка. Тој беше особено потресен од судбината на десетици илјади деца кои ги загубија животите во конфликти како оној во Газа.

Според информациите од Ватикан, Папата ја доверил оваа акција на Каритас Ерусалим во последните месеци од својот живот. Целта е да се одговори на огромната хуманитарна криза во Газа, каде што речиси еден милион деца се раселени и изложени на глад, инфекции и други сериозни здравствени проблеми.

Папамобилот ќе биде опремен со медицинска опрема за дијагноза, тестирање и лекување, вклучувајќи брзи тестови за инфекции, дијагностички уреди, вакцини, комплети за нега на рани и друга итна помош. Возилото ќе го управуваат лекари и медицински работници кои, штом ќе биде овозможен хуманитарен пристап до Газа, ќе се упатат кон најизолираните делови од регионот.

„Благодарение на ова возило, ќе можеме да стигнеме до децата кои денес немаат пристап до здравствена заштита – деца кои се ранети и неухранети. Ова е конкретна, животоспасувачка интервенција во време кога здравствениот систем во Газа е речиси целосно распаднат“, изјави за Ватикан њуз, Петер Бруне, генерален секретар на Каритас Шведска

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Професор има радикален план да ја подигне Венеција за 30 см: Тоа би му дало на градот грејс период од 50 години
Следна Статија Хари Кејн се израдува на првиот шампионски трофеј во кариерата (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Хамас ги предаде телата на двајца починати израелски заложници

Израелската армија денес објави дека Хамас му ги предал на Црвениот крст телата на двајца починати заложници кои претходно биле…

October 13, 2025
СВЕТ

Путин се надева дека НАТО го „слушна“ предупредувањето за нападите со ракети со долг дострел

Рускиот претседателот Владимир Путин изрази надеж дека НАТО го „слушна“ неговото предупредување за можните последици од дозволувањето на Украина да…

October 27, 2024
СВЕТ

Оксфорд: Европа треба да се подготви за постудена зима

Европскиот континент би можел да се соочи со постудена зима по две години, додека пазарот на гас останува ранлив. Благата…

October 15, 2024
СВЕТ

Над 150.000 Канаѓани потпишаа петиција да му биде одземено канадското државјанство на Маск

Повеќе од 150.000 луѓе од Канада потпишаа петиција со која бараат од нивната земја да му го одземе канадското државјанство…

February 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?