Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја
ЕКОНОМИЈА

Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја

Објавено April 25, 2025 16:14
Сподели
Сподели

Во Македонија има околу 50.000 броила за струја кои влегуваат во категоријата за енергетска сиромаштија, но тоа не ги спречува голем дел од нив, најмногу во Битола да трошат струја која е најскапа, со што влегуваат во четвртиот блок, брифираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Засега останува неразјаснето како некои најсиромашни семејства можат да трошат од најскапата струја.

Разговаравме со ЕВН во Битола и пробуваме да дознаеме што се случува. Многу трошат и засега само се знае дека се приклучуваат на диво – информираше министерката за енергетика, рударство ни минерални суровини, Сања Божиновска.

За да се реши овој и на него слични проблеми од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формирале работни групи, за да се утврди точно колку и кои семејства припаѓаат на ранливите групи семејства.

Посебен дел од новиот Закон за енергетика се однесува на заштита на ранливите граѓани, при што, се воведува методологија за мерење на енергетската сиромаштија во соработка со Министерството за социјална политика. Домаќинствата што не можат да си ги платат сметките за струја ќе добијат поддршка – пониски цени преку универзален снабдувач или други снабдувачи. Владата може да одобри компензации за овие семејства, а ранливите потрошувачи ќе имаат и финансиска помош (на пример, субвенции за греење или енергетски ефикасни уреди) и нефинансиска помош (како забрана за исклучување од мрежа). Ова е за да никој не остане без струја во зима поради финансиски проблеми – вели министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако се докаже картелско здружување на маркетите, ќе има казни, вети Мицкоски
Следна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на папата Франциск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска: Народната банка со сеопфатни пакет-мерки за стабилизирање на инфлацијата

„Народната банка спроведува сеопфатен и комплементарен сет на мерки насочени кон одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс“,…

May 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

УЈП ќе ги контролира градежниците, ќе се „чешлаат“ договори со нереални цени

Управата за јавни приходи (УЈП), во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025…

August 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мизо: Македонија веќе се соочува со недостиг од кадар

Недостатокот на квалификуван технички кадар веќе претставува реален ограничувачки фактор за понатамошниот развој на автомобилскиот сектор и на целата македонска…

June 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За многу скоро пуштање на делницата Дреново – Фариш

Николоски додаде дека минантата година, вкупно милион и сто илјади евра преку министерството за транспорт беа префрлени на наменска сметка…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?