Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Парите од Мој ДДВ ќе бидат исплатени, УЈП објасни зошто некаде се доцни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Парите од Мој ДДВ ќе бидат исплатени, УЈП објасни зошто некаде се доцни
ЕКОНОМИЈА

Парите од Мој ДДВ ќе бидат исплатени, УЈП објасни зошто некаде се доцни

Објавено December 1, 2025 16:10
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан.

-Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите корисници кои се во ист налог како и корисникот кој извршил промена. Овој предизвик е веќе идентификуван и надлежните служби работат на негово надминување. Целта е да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани, без исклучок, информираат од УЈП.

Исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, а за останатите ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката преработка.

-Апел до граѓаните: Доколку вршат промена на банка или трансакциска сметка, потребно е веднаш да направат ажурирање на податоците во системот. Со тоа ќе се избегнат вакви ситуации во иднина и ќе се овозможи навремена исплата на сите корисници, велат од Управата.

Граѓаните можат да бидат спокојни – средствата кои им следуваат од МојДДВ ќе бидат исплатени!

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мемов: Нема потреба од апокалиптични сценарија, исплатата на пензиите не е загрозена и ќе продолжи секој први во месецот
Следна Статија Вработените во Железници излегоа на протест

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Се наближува рокот за поднесување барање за признавање расход во даночниот биланс

Даночните обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водат деловни книги, доколку во текот на 2024 година…

January 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски најави деветта авиолинија, очекува и рекорден број странски инвестиции

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска најави деветта авиолинија во земјава. Како што рече на меѓународната конференција за…

January 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски објави фотографии како ќе изгледа првата галерија на автопатот Охрид – Кичево

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на социјалните мрежи сподели како изгледа првата галерија на автопатот Охрид – Кичево.…

May 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Заврши есенската потрошувачка кошница, дали цените ќе се вивнат нагоре?

Заврши мерката замрзнати маржи во „есенската потрошувачка кошничка“. Со владината одлука намалени беа цените на 73 основни прехранбени производи. Од…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?