Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Патниците да се запознаат со новите правила: Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Патниците да се запознаат со новите правила: Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната
МАКЕДОНИЈА

Патниците да се запознаат со новите правила: Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната

Објавено October 12, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Од денеска 29 земји членки на Шенген зоната ќе започнат со постепено воведување на новиот дигитален Систем за влез/излез (ЕЕС) на граничните премини на нивните надворешни граници.

Со стапувањето во сила на ЕЕС системот земјите членки на Шенген зоната ќе започнат со електронско регистрирање на податоците на државјаните на трети земји што не се дел од ЕУ, меѓу кои и македонските граѓани, кога ги преминуваат надворешните шенгенски граници за престои до 90 дена. Имплементацијата на системот на сите копнени премини, аеродроми и пристаништа треба да заврши во период од шест месеци.

За време на периодот на постепено воведување на ЕЕС, земјите членки на Шенген зоната можат самостојно да одлучат на кои гранични премини ќе го имплементираат системот и кога. Целта на ваквиот пристап е да им се овозможи на граничните власти, транспортната индустрија и патниците да се прилагодат на новите процедури.

По истекот на шесте месеци, односно од 10 април 2026, ЕЕС системот ќе треба да се применува на сите гранични премини, а процедурата на ставање печати во пасошите ќе биде заменета со електронски записи во системот. Во текот на шестмесечниот транзициски период на ЕЕС практиката на ставање печати во пасошот ќе продолжи.

Со ЕЕС се очекува да се обезбедат веродостојни податоци за граничните власти, што ќе им овозможи систематски да откриваат лица кои го пречекоруваат дозволениот период за престој, како и случаи на измама со патни документи и идентитет.

Според Европската комисија, со целосното автоматизирање на гранични проверки ќе се обезбеди полесно и побезбедно минување на границите за сите.

Со новиот систем ќе се регистрираат податоци за пасошите на државјаните од земји кои не се членки на ЕУ, ќе ми бидат фотографирани лицата и ќе им бидат земани отпечатоци од прстите при нивното прво преминување на граничните премени по имплементацијата на ЕЕС. При секое наредно преминување ќе биде потребна само брза верификација на нивниот идентитет преку ЕЕС системот.

Новиот систем ги исполнува највисоките стандарди за заштита на податоците и приватноста, осигурувајќи дека личните податоци на патниците ќе бидат заштитени и безбедни.

Во пресрет на почетокот на имплементацијата на ЕЕС системот, македонското Министерството за внатрешни работи им препорача на сите наши граѓани кои од денеска планираат да патуваат во земја од Шенген зоната да се запознаат со новите правила и процедури, со цел да се осигурат дека нивните патувања ќе бидат навремени, безбедни и без непотребни одлагања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина легендарната актерка Дајан Китон
Следна Статија ВИДЕО: Албанците ја шокираа Србија во Лесковац, Португалците славеа и покрај промашениот пенал на Роналдо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Раната вечно ќе крвари во мене : Дарко вчера прв се врати од лекување во странство

Дарко Стојанов кој беше повреден во пожарот во Кочани се огласи на социјалните мрежи откако вчера се врати во Македонија,…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трансформираниот портал Услуги.гов.мк нуди над 100 услуги за граѓаните и компаниите

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска во Скопје, го промовираше трансформираниот портал Услуги.гов.мк со кој се нудат над 100…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДКСК ќе покрене кривично гонење на јавно комунално претпријатие поради незаконски јавни набавки

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука за поднесување иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измен

Премиерот Христијан Мицкоски денес при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?