Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај
МАКЕДОНИЈА

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај

Објавено June 21, 2025 16:26
Сподели
Сподели

Oд вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево –Охрид, информира Министерството за транспорт.

По тој повод, како што посочуваат, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница.

-Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните проблеми во минатото. Градбата на автопатот Охрид- Кичево беше во целосен застој во време на СДСМ и ДУИ, цели 7 години не се работеше ништо. Со доаѓањето на ВМРО -ДПМНЕ на власт почна да се работи со полна динамика и се очекува до крајот на 2026 целиот автопат Охрид- Кичево да се пушти во функција, соопшти Министерството за транспорт.

Делницата Подмоље – Охрид беше затворена за сообраќај според одобрен времен режим се со цел да се комплетира нејзината изградба. Во меѓувреме сообраќајот се одвиваше со стариот регионален пат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиоски потпиша договор со Лугано
Следна Статија Македонија доби хаубици БОРАН (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Travel and Leisure го вброи Охрид помеѓу 20-те најубавите дестинации во Европа

Охридското Езеро можеби поминува незабележано од бројни патници, но штом ќе здогледате неговите блескави води на сончев ден или ќе…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена

Обвинителството ги објави резултатите од анализата на примероците на вода во Гостивар од кои се констатира дека таа е многу…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина

На овој министерски состанок на НАТО слушнавме многу поразлична реторика од онаа на претходната средба на министрите за одбрана, но…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)

МПЦ-ОА и верниците во земјава денеска го слават денот посветен на  Преподобна Параскева (Петка), во народот познат и како Петковден.…

October 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?