Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Патувањата во ЕУ ќе не чинат повеќе: Наместо 7 ќе плаќаме 20 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Патувањата во ЕУ ќе не чинат повеќе: Наместо 7 ќе плаќаме 20 евра
МАКЕДОНИЈА

Патувањата во ЕУ ќе не чинат повеќе: Наместо 7 ќе плаќаме 20 евра

Објавено July 25, 2025 14:22
Сподели
Сподели

Европската Унија објави датум за старт на Системот за влез/излез (ЕЕС) и потврди дека таксата за влез преку ЕИАС-системот се зголемува од седум на 20 евра.

Фазната имплементација на ЕЕС ќе почне на 12 октомври годинава, а системот треба да биде целосно функционален до 10 април 2026 година на сите гранични премини на ЕУ. ЕЕС ќе биде автоматизиран систем кој ќе бара од патниците од земјите надвор од ЕУ да регистрираат биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија од лицето), да внесат информации како име, детали од пасош, и податоци за влез/излез. Во шестмесечниот период на приспособување, патниците ќе се соочат со комбиниран пристап – и биометриска и рачна регистрација.

ЕТИАС (Европски систем за патнички информации и одобрување), пак, ќе почне со работа во периодот меѓу октомври и декември 2026, потврди ЕУ. Првично планираната цена на ЕТИАС беше 7 евра, но сега е повеќе од тројно зголемена – на 20 евра. Еднаш платената такса од 20 евра ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена.

Туристичките асоцијации реагираат дека ова зголемување е неоправдано, нејасно образложено и потенцијално штетно за граѓаните и индустријата. Во заедничко соопштение, меѓу кои се и „Airlines for Europe“, Европското здружение за туризам, Здружението на европски туроператори, Асоцијацијата на хотелиери и ресторани, тие наведуваат:

„Иако надоместокот можеби изгледа симболичен, неговото кумулативно влијание врз семејствата и туристите е сериозно, особено во контекст на растечките цени на сместување и другите трошоци“.

Асоцијациите ја повикуваат Европската комисија да презентира детална финансиска анализа и да разгледа алтернативи, како предлогот за такса од 10 или 12 евра. Тие се жалат на недостаток од транспарентност во начинот на кој бил предложен овој износ и бараат јавна расправа и инклузивност во процесот на носење одлуки.

Европската комисија го оправдува предлогот со растот на инфлацијата и трошоците за технолошка поддршка на системот. Според нив, предложената цена од 20 евра е слична на таксите во други земји – британскиот „ETA“ чини 16 фунти (18,4 евра), а американскиот „ESTA“- 21 долар (17,8 евра).

Но, туристичкиот сектор остро возвраќа:

„Врзувањето со слични системи во други земји е опасен преседан. Одлуките на ЕУ треба да бидат базирани на реални потреби и трошоци, не на споредби без правна основа“.

Дополнително, се предлага вишокот од собраните средства да се користи за модернизација на туристичката инфраструктура, обука на кадар и зелени иницијативи во туризмот.

Обврската за ЕТИАС важи за државјани на 59 земји, меѓу кои и САД, Канада, Австралија, Велика Британија и сите држави од Западен Балкан. Но, одобреното патувачко овластување не гарантира сигурен влез, бидејќи граничните служби го задржуваат правото да одбијат влез.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?
Следна Статија Не оставајте лежалки и пешкири во Полихроно и Калитеа, ќе ви ги рециклираат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Учебници ќе има од 1 септември, родителите да бидат спокојни

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека од 1 септември учебници ќе има. Сите можат да бидат спокојни…

August 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Крстовден – ден за строг пост и поклон пред светиот крст на верата

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тензично пред болницата во Кочани: Родителите не даваат телата на децата да се носат на обдукција во Скопје

Дел од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не даваат безживотните тела на…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски нема конкуренција: Лидерот на ВМРО ДПМНЕ до убедливо најголема поддршка

Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?