Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пациент без државјанство живее во болницата во Бардовци – должи 3.000 евра, а нема каде да оди, семејството одбива да го земе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пациент без државјанство живее во болницата во Бардовци – должи 3.000 евра, а нема каде да оди, семејството одбива да го земе
ХРОНИКА

Пациент без државјанство живее во болницата во Бардовци – должи 3.000 евра, а нема каде да оди, семејството одбива да го земе

Објавено October 13, 2025 08:18
Сподели
Сподели

3.000 евра изнесуваат вкупните трошоци за шестмесечното лекување за 56-годишен пациент во болницата во Бардовци, кој, иако е роден во Македонија, сепак нема македонски државјанство, а со тоа ниту здравствено осигурување, објави ТВ „24“..

Од болницата велат дека социјален работник уште во март годинава почнал процедура за регулирање на личните документи на човекот, со цел да му се обезбеди здравствено осигурување.

„Во однос на исхрана и нега, во нашата болница на пациентот му се пружа најмногу во рамките на можностите. На сметка на болницата е често испраќан на дијагностички испитувања во други болници, бидејќи неговото семејство одбива да го земе пациентот“, велат од психијатриската болница „Скопје“.

Во моментот кога го примиле пациентот, надлежните велат тој би со запуштен надворешен изглед и лоша лична хигиена, делувал дезориентирано, раздвижено, и не одговарал на поставени прашања и не било возможно воспоставување на вербален контакт. Сега, иако индикациите за психијатриско лекување престанеле, сепак пациентот бил задржан во болницата исклучително поради социјални причини.

„Пациентот пред приемот во болницата живеел како бездомник 20 години наназад. Според негово кажување, спиел во недоизградени згради и живеел од милоста на другите луѓе, без адреса на живеење и без лични документи. Повремено ги посетувал ќерката и синот, а алкохол консумирал во прекумерни количини. Поради неуредниот начин на живот, на сегашната возраст од 55 години, веќе има сериозни здравствени проблеми кои бараат третман од други здравствени специјалности“, велат од болницата.

Од полицијата за ТВ „24“ информирале дека од 6 август годинава на човекот му бил одобрен едногодишен привремен престој во Македонија и дека работат и на изработка на лична карта за странец. За да добие државјанство пак, од МВР велат дека неговото семејство треба да ја почне постапката од почеток – со поднесување на целосна документација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија подготвена за победа: Фудбалерите го пречекуваат Казахстан
Следна Статија Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Татко го удирал десетгодишното дете со тупаници, шамари и клоци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела…

March 26, 2026
ХРОНИКА

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

November 25, 2024
ХРОНИКА

Уапсени две кумановки откако измамиле 19 лица и во нивно име подигнале брзи кредити

Полициски службеници од СВР Куманово денеска ги лишиле од слобода 22-годишната А.С.Д. и 34-годишната М.В., двете од Куманово, поради сомнение…

July 15, 2026
ХРОНИКА

Почина 16-годишното момче кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица

Почина 16-годишното момче кое на 14 септември се здоби со тешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи во село…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?