Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пациент од „Бардовци“ ја скршил вратата и влегол во „Инфомакс“ среде емисија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пациент од „Бардовци“ ја скршил вратата и влегол во „Инфомакс“ среде емисија
ХРОНИКА

Пациент од „Бардовци“ ја скршил вратата и влегол во „Инфомакс“ среде емисија

Објавено December 11, 2025 10:19
Сподели
Сподели

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишиле од слобода Г.С. (43) од Скопје, по пријава дека во текот на емисија во живо на порталот „Инфомакс“ влегол во редакцијата и предизвикал инцидент, соопшти МВР.

Настанот се случил синоќа околу 23:45 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека непознато машко лице влегло во просториите на редакцијата на ул. „Востаничка“, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на програмата. Во студиото во тој момент биле водителот А.М., гостин во емисијата – поранешниот градоначалник С.Ј., водителот М.Н. и камерман.

Полицијата веднаш реагирала и го привела напаѓачот, а подоцна било утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано на лекување во Психијатриската болница „Бардовци“.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Министерството нагласува дека и во иднина ќе постапува брзо и неселективно во сите случаи на напади врз новинари или нарушување на јавниот ред и мир.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто цената на среброто достигна рекордно ниво?
Следна Статија Зошто цената на среброто постигна рекордно ниво?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Двајца припадници на Армијата повредени во пожар во касарната во Тетово

Вчера во 13.46 часот во СВР Тетово било пријавено дека во објект во касарната во Тетово настанал пожар. При обид…

June 19, 2025
ХРОНИКА

Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има информации во врска со марихуаната која беше фатена во Србија, а која излегла…

February 21, 2026
ХРОНИКА

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?