Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Паѓа индустриското производство, а се намалува и бројот на работници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Паѓа индустриското производство, а се намалува и бројот на работници
ЕКОНОМИЈА

Паѓа индустриското производство, а се намалува и бројот на работници

Објавено April 3, 2026 16:24
Сподели
Сподели

Индустриското производство во февруари годинава е намалено за 4,2 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Овој пад доаѓа по уште поизразеното намалување во јануари, кога производството беше пониско за 6,6 отсто во споредба со почетокот на минатата година.

Според извештаите на ДЗС, во февруари најголемо опаѓање од дури 17,2 отсто е забележано во секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Рударството и вадењето камен бележи пад од 9,6 отсто, додека во преработувачката индустрија е регистрирано намалување од 1,9 отсто. Според податоците на ДЗС, врз негативниот резултат во преработувачкиот сектор најмногу влијаело намаленото производство во одделите за облека, тутунски производи, текстил, метали и мебел.

Податоците за првите два месеци од 2026 година покажуваат и континуирано кратење на бројот на работници во индустрискиот сектор. Во февруари годинава во фабриките работеле за 3,4 отсто помалку луѓе во споредба со истиот период лани. Најголем одлив на работна сила има во рударството, каде бројот на вработени е намален за 6,3 отсто, по што следува преработувачката индустрија со пад од 3,4 отсто.

Во јануари состојбата беше слична, со вкупно намалување на бројот на работници од 3,6 отсто. Гледано по главни индустриски групи, најголем пад на бројот на вработени во февруари е забележан кај капиталните производи и кај нетрајните производи за широка потрошувачка. Единствен раст од 1,6 отсто кај ангажираните работници има во групата на трајни производи за широка потрошувачка.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж ја заклучил, нападнал па ја избркал сопругата од домот, агресивен бил и со децата
Следна Статија Трамп: Лесно можеме да го отвориме Ормускиот Теснец, да ја земеме нафтата и заработиме богатство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нередовното читање на струјомерите оди на штета на граѓаните, а ЕВН профитира

Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

На 15 септември почна најголемата финансиска криза во модерната економија

На 15 септември 2008 година, светот беше сведок на еден од најдраматичните моменти во историјата на модерната економија – банкротот…

September 15, 2025

Сенаторот Тим Скот го одлага гласањето за криптовалути во Банкарскиот комитет

Претседателот на Банкарскиот комитет на Сенатот го одложува планираното гласање поради забелешки од клучна криптовалутна компанија.

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Зајакнување на меѓународната енергетска соработка и нови инвестиции во регионот

Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој – IFESD-14, кој оваа година се одржа во Скопје,…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?