Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пелистер со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Пелистер со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите
СПОРТ

Пелистер со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите

Објавено September 11, 2025 08:10
Сподели
Сподели

Ракометарите на Пелистер со победа ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола македонскиот првак го победи Загреб со 25:23 (13:12).

Натпреварот беше тврд и неизвесен, на крајот пелистерци имаа среќа и ја остварија победата.

Пелистер водеше во текот на целото прво полувреме, најмногу со три гола, но Загреб во ниту еден момент не му дозволи на протигвникот да се одлепи. Со два гола гостите го заклучија првиот дел (13:12).

Стартот на вториот дел им припадна на гостите, со серија од четири гола го презедоа водството (14:16). Пелистер одговори со три гола (19:18), а во последните 10 минути домашните влегоа со предност од три гола (23:20, 24:21).

Сепак Пелистерци дозволија мечот да има драматичен финиш. Пешевски при резултат 24:23 промаши зицер на 24 секунди до крајот. Загреб лошо го одигра последниот напад, Хеидарирад го одбрани шутот на Кларица, а потоа на празен гол погоди, со што ја круниса добрата партија во вториот дел.

Иранскиот голман забележа шест одбрани, додека најефикасни беа Мансков со осум и Кузмановски со шест гола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Сојузникот на Доналд Трамп, Чарли Кирк, застрелан на јавен настан
Следна Статија „Легендарниот Чарли Кирк е мртов“ – се огласи Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

„Ти и јас засекогаш“: Сабаленка се вери со Грк

  Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доби предлог за брак од своето момче. Атлетичарката е во врска со грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос…

March 4, 2026
СПОРТ

Беше фитнес ѕвезда: Убиен е иранскиот Бред Пит

Светот на бодибилдингот и иранската јавност се збогуваат со Давуд Сохараби, млад човек кој беше познат како „иранскиот Бред Пит“…

February 27, 2026
СПОРТ

Роналдо купи акции во овој шпански клуб

 Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, стана ко-сопственик на шпанскиот клуб од Втората дивизија, Алмерија. Според официјалното соопштение на Португалецот, договорот…

February 26, 2026
СПОРТ

Мајами не сака да се откаже од скапиот Меси

Раководството на американскиот прволигаш Интер Мајами е убедено дека аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси ќе го продолжи договорот, кој истекува…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?