Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пендаровски го обвини Фрчкоски за „кафеанско озборување“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пендаровски го обвини Фрчкоски за „кафеанско озборување“
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски го обвини Фрчкоски за „кафеанско озборување“

Објавено November 10, 2025 16:04
Сподели
Сподели

Поранешниот претседател Стево Пендаровски одговори на обвинувањата на Љубомир Фрчкоски дека „мешетарел“ во СДСМ и дека наводно работи на тоа да се смени Венко Филипче.

„Во врска со изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата ‘Во Центар’, во која во негативен контекст го споменува моето име, сакам да го дадам следново појаснување.

Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум ‘мешетарел’ како многу други во чии кариери нема ништо друго освен заткулисни маневри и кафеанско озборување.

Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради ‘квалитетот’ на изворите со кои се дружат, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Фрчкоски ова го кажа во неделата вечер, во гостувањето во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“. Иако нагласи дека нема да зборува за имиња, Фрчкоски сепак директно го спомна Пендаровски и рече:

„Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе“.

Инаку, во кулоарите веќе подолго време се шпекулира дека Стево Пендаровски води некаква иницијатива за реформи во СДСМ и во опозицискиот блок, но до овој момент за тоа никој не проговорил јавно. За тоа кои лоби групи сакаат да го сменат Филипче, без да спомнува имиња, Фрчкоски спомна и „еден пратеник и еден поранешен градоначалник кој се занесува, не знам дали вмровциво го фатиле со кривични пријави, па сега го држат…“

Водителот Ефтов прецизираше дека станува збор за Оливер Спасовски и за Петре Шилегов, а Фрчкоски не го негираше тоа, но не пропушти да нагласи дека Венко Филипче заслужува поддршка.

Интересно е дека Фрчкоски во оваа емисија ја повтори својата идеја за создавање „голема владина коалиција“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од полноќ ќе точиме поскапо гориво
Следна Статија Приведена кавадарчанка што го претепала сопственото шестмесечно бебе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор

Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме. -Сторени се неколку…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Васко Саздовски е Македонецот кој трагично загина во Нови Сад

Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчерашната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад. Васко…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на терен: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето „Јасен“

Премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска го посетија ловиштето „Јасен“ каде веќе…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски назначи нови началници на СВР Штип и ОВР Кочани

Нов началник на Секторот за внатрешни работи во Штип е Бојан Величковски, а Игор Јаковлевски е новиот началник на ОВР…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?