Компанијата за развој на недвижности „Бингати“ со седиште во ОАЕ објави дека продала стан во Дубаи по рекордна цена по квадратен метар – 29.000 евра. Новиот сопственик подготвил речиси 130 милиони евра за купување на имотот.
Светскиот рекорд за цена на имот продаден во Дубаи е постигнат со пентхаус од 4.385 квадратни метри сместен во станбен комплекс што го носи името на брендот „Бугати“.
Квадратниот метар на овој имот чини нешто повеќе од 29.000 евра, а пентхаусот е продаден за 127,5 милиони евра.
Трансакцијата за продажба ја склучи главниот директор за продажба на компанијата, Абдула Бингати, поставувајќи нов светски рекорд за пазарот на недвижности во Дубаи, постигнувајќи ја највисоката цена по квадратен метар досега забележана во делот од градот наречен „Бизнис Беј“, објави порталот gulfconstructiononline.com.
Според порталот, становите во комплексот веќе се во сопственост на фудбалските ѕвезди Нејмар и Ајмерик Лапорт, како и италијанскиот тенор Андреа Бочели.