Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: На објектите што имаат некаква недоследност ќе им се даде рок да ја отстранат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Перински: На објектите што имаат некаква недоследност ќе им се даде рок да ја отстранат
МАКЕДОНИЈА

Перински: На објектите што имаат некаква недоследност ќе им се даде рок да ја отстранат

Објавено March 26, 2025 12:01
Сподели
Сподели

Како Влада наша обврска пред се е безбедноста на граѓаните и да го исправиме или да го поставиме на здрави нозе овој комплетно дерогиран систем кој е граден во изминатите 30 години во нашата држава, порача министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Нагласи дека безбедноста на граѓаните е пред се и над се за Владата и додаде дека во таа насока по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се прават проверки не само на јавните објекти, туку и на сите угостителски објекти, станбени блокови.

-За жал времето беше кратко и не можевме секаде да стигнеме и да исправиме, меѓутоа сме во добра насока да смениме многу работи во иднина. На оние објекти каде што ќе се увиди дека има некаква недоследност ќе им се даде рок да ја отстранат за да може да биде гарантирана безбедноста на сите корисници, изјави Перински.

Посочи дека на Владата и е битно да превенира се што може да се превенира за во иднина да не се случат немили настани.

Ако објектите не ја отстранат воочената аномалија во догледен период секако дека нема да можат и нема да имаат услови да работат и мислам дека ќе бидат затворени, рече Перински.

Како што кажа, станува збор за многу широка и обемна акција и на централно и на локално ниво поради што треба да се почека да се види исходот од неа и со што ќе се соочиме за да може да се носат мерки и заклучоци.

Дајте им време и на централните, но и на локалните власти да видиме со кои предизвици ќе се соочиме, на што ќе наидеме и потоа ќе носиме заклучоци кои секако ќе бидат во насока и корист на граѓаните, истакна Перински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мустафа Имери е новиот директор на Македонската филхармонија
Следна Статија Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче, Кешишев ќе сведочи на следното рочиште на 2 април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува извештајот на ЕК за напредокот на државата да биде сличен како минатогодишниот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата, што треба да биде објавен денеска, да биде…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Правиме голем исчекор, ќе се набават 100 амбулантни возила

Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Сител во „Тема на денот“ истакна дека од продажбата…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Шуто Оризари ставен под контрола

Пожар денеска избувна во депонија во скопската општина Шуто Оризари, при што се запали машина за мелење железо, соопшти Центар…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. „Две деветки во…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?