Перински: Отповикување на градоначалник да биде преку референдум

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински.смета дека отповикувањето на градоначалниците што нема да ја извршуваат својата функција би требало да биде преку референдумско изјаснување на граѓаните што го избрале.

Во суштина, отповикот на градоначалник врз основа на примерите кои пред да започне процесот ги разговаравме со експертскиот тим, би требало да биде преку референдумско изјаснување на оние кои истиот градоначалник го довеле на таа позиција на која што е.

Мора да бидеме многу внимателни и сите измени да ги интегрираме согласно Уставот за да немаме после тоа проблеми и аномалии во донесувањето на истото законско решение.

Значи, навистина ќе се внимава на секој момент и затоа мислиме дека е најсоодветно оваа промена или оваа адаптација на законот да оди преку референдумско изјаснување на граѓаните од таа општина, во која што треба да се јави оваа можност во иднина“, рече Перински за МИА.

Сподели ја оваа статија