Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола
МАКЕДОНИЈА

Перински пред гласањето на 12 септември: Ако не се донесе законот, градоначалниците ќе останат без контрола

Објавено August 30, 2025 09:34
Сподели
Сподели

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека институциите прават максимални напори новите измени на Законот за локална самоуправа да бидат изгласани до 12 септември, кога е закажана последната парламентарна седница пред изборите.

Тој посочи дека предлог-законот е подготвуван повеќе од половина година, со широки консултации и дебати со сите засегнати страни, вклучително и со координаторите на опозициските групи во Собранието.

„Жал ми е што ниту ДУИ, ниту СДСМ не успеаја да се надминат и да ги поддржат измените, иако тие директно се однесуваат на јакнење на демократијата и подобрување на услугите на локално ниво“, изјави Перински.

Според него, клучните новини се: воведување можност за референдумски отповик на градоначалник, задолжителна комунална полиција, транспарентно пренесување на седниците на општинските совети и нови градски архитекти.

Министерот предупреди дека доколку измените не се изгласаат на следната седница, тие нема да важат за идните градоначалници.

„Тоа би значело дека тие ќе останат единствените јавни функционери без можност за отповик, а локалната власт нема да има механизми како комунална полиција, што ќе влијае врз квалитетот на работењето“, нагласи Перински.

Тој се осврна и на бројот на советници по општините, објаснувајќи дека Владата веќе интервенирала согласно промените во бројот на жители.

„Во 17 општини имаше корекции, во 14 бројот на советници се намали, а во три се зголеми“, рече тој.

Министерот додаде дека барањата на опозицијата за вклучување на целото население од пописот не се оправдани, бидејќи според законот, советниците се избираат врз основа на реалниот број на жители во општината.

„Нема пример во светот каде нерезиденти се земаат како параметар за советници. Владата уште на старт ги расчисти овие дилеми“, потенцира Перински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лекарите велат дека ова е најздравото овошје на планетата – го лекува срцето, го храни мозокот и го чисти телото
Следна Статија Мелони згрозена откако нејзини фотографии се појавија на порно страница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Додека сите христијани се подготвувавме за прославата на големиот христијански празник – Велигден во оваа Света јубилејна година, кој се…

April 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро

Поминаа 13 години од моментот кога Македонија остана во шок од петкратното убиство кај Смилковско езеро на четирите другари и…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЕУ во континуитет покажува неправедност кон нас

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека земјава е недвосмислено определена да продолжи по евроинтеграцискиот…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Тргнете ги рацете од Уставниот суд!

Тргнете ги рацете од Уставниот суд! Останете реално и вистински посветени на заложбите за владеење на правото, за правна држава…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?