Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петар Богојески од еразмус оди на друга владина функција, го надградил коалицискиот договор со Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петар Богојески од еразмус оди на друга владина функција, го надградил коалицискиот договор со Мицкоски
ПОЛИТИКА

Петар Богојески од еразмус оди на друга владина функција, го надградил коалицискиот договор со Мицкоски

Објавено June 24, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше назначен за директор. За ова тој објави самиот, споделувајќи фотографија со премиерот Христијан Мицкоски, во која посочува дека тоа е договорена работа меѓу коалициони партнери.

,,Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција”, пишува во соопштението од Македонски концепт.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е Јавна Институција која е формирана со Закон донесен од страна на Собранието на Република Македонија а која се финансира со пари од Европската Унија.

Целта на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е да работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Македонија.

Целото соопштение на Македонски концепт по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во продолжение:

Прво, потврдена е добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија”.

Второ, дадена е позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата на Коалицијата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети.

Трето, договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година, при што споделено е убедување во голема победа.

Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.

Македонски Концепт ги достави своите сугестии за програмските приоритети на Владата за наредната година, за што јавноста ќе биде навремено информирана, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“, оценувањето мора да се промени
Следна Статија (Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриева: Време е за промени во Демир Капија

Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за општина Демир Капија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Латас: Имав понуда од Данела да работам на соборување на Мицкоски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска му нудела пари на новинарот Драган Павловиќ-Латас за соборување на Мицкоски. Според изјавата, понудата била…

June 27, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски откри фрапантни докази за милионски криминал на СДСМ и ДУИ во МЕПСО

СДС и ДУИ ги злоупотребувале енергетските претпријатија за да испумпаат милиони евра народни пари на сметки на фирми блиски до…

October 29, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ: Владата сопствените неуспеси ги прикрива со клевети против Албанците и ДУИ

За сè што не функционира во оваа држава, виновни се ДУИ и Албанците. За настаните од 28 Ноември, виновна е…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?