Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“
МАКЕДОНИЈА

Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“

Објавено April 9, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Петар Богојески за прв пат доби државна функција откако со неговиот „Македонски концепт“ стана коалиционен партнер во власта.

Лидерот на „Македонски концепт“, познат во јавноста по многубројните телевизиски гостувања и активност на социјалните мрежи, е поставен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Најголем дел од фондот на пари со кои располага агенцијата доаѓа од „Еразмус+“, програмата на Европската Унија наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во земјите во Европа, меѓу кои и Македонија.

Богојески е назначен на функција на местото на Марко Ѓоргиевски, кој ја водеше оваа институција од ноември 2020.

Оваа државна агенција се најде под истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), од каде лани побараа поврат на 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Тој во јавноста стана познат во 2018 кога како „реформатор и фракционер“ беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој беше еден од лидерите на иницијативата за реформи во партијата која почна во времето на Никола Груевски особено во поглед на начинот на кој се определуваат оние кои го бираат лидерот и раководството на партиските конгреси со цел тоа да биде понезависно од други влијанија и интереси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Koга тим вреден повеќе од една милијарда евра игра како аматери
Следна Статија (ВИДЕО) Навивачите на ПСЖ и Астон Вила со тепачка се загреваа пред вечерашниот меч

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Што е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши на политичкото „Кале“

Еден од првите политичари на ДУИ, Артан Груби заврши на американската црна листа. Голем дел од граѓаните тоа го примија…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Роберт Скот: НДИ соработува со владата и општините преку програмата за градење отпорност кон корупцијата

На панел дискусија насловена „Меѓународна соработка за развиени општини“ во рамките на настанот Саем-Отчет учествуваше и вишиот директор на НДИ…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на папата Франциск

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост папата Франциск, којашто ќе се одржи пред…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ганиу: Од девет дури 7 училишта во Чаир биле изградени „на диво“

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу синоќа во гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ обелодени дека од девет училишта на…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?