Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
МАКЕДОНИЈА

Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Објавено March 25, 2026 17:43
Сподели
Сподели

Петар Гајдов, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје е предлог за нов директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно предлог – одлуката што беше изгласана на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски информираше дека за избор за заменик директор на Агенцијата, Собранието ќе објави нов оглас.

Тој извести дека го поништува огласот за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата и оти согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси ќе се објави нов оглас за избор на член на ДКСК.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата го повлече и извештајот за спроведена постапка по огласот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието.

Почетокот на седницата беше пролонгиран еден час, откако беше побарана пауза поради недостапност на предлог одлуката за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер на албански јазик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина 40-годишен маж – му се слошило додека бил на работното место
Следна Статија Тинејџер паднал од балкон на зграда во Карпош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството

Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешната прес- конференција во Собранието, во име на Клубот на жени…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година

Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заеви слават во Гармиш Партенкирхен, на гости кај газдата на „Зобек мајнинг“

Зоран Заев, екс премиер со златен егзил и згради во Дубаи, ви ја честита Новата 2026 година со слика од…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката по повод 23 Октомври: Да го продолжиме револуционерниот пат со ум, знаење и реформи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, им го честита Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, потсетувајќи на историското значење на…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?