Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петер Маѓар положи заклетва како нов премиер на Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Петер Маѓар положи заклетва како нов премиер на Унгарија
СВЕТ

Петер Маѓар положи заклетва како нов премиер на Унгарија

Објавено May 9, 2026 19:39
Сподели
Сподели

Петер Маѓар денеска положи заклетва како нов премиер на Унгарија, со што се означи крајот на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

Маѓар положи заклетва во Парламентот откако неговата централно-десничарска партија Тиса избори убедлива победа на изборите минатиот месец, победувајќи го Фидес на Орбан.

Партијата Тиса освои двотретинско мнозинство во Парламентот со 199 места, што ѝ дава можност да ги смени клучните политики воведени за време на годините на власт на Орбан.

Маѓар влезе во зградата на Парламентот заедно со пратениците на неговата партија, кои сега контролираат 141 место. Алијансата Фидес-КДНП на Орбан доживеа нагло намалување на нејзината парламентарна застапеност на 52 места, додека крајно десничарското Движење „Нашата татковина“ има шест места.

Претседателот Тамаш Суљок претходно побара од Маѓар да формира нова влада откако неговата партија победи на изборите.

Суљок рече дека унгарските гласачи „ја искажале својата волја“ и ѝ ја довериле на Тиша одговорноста за управување со земјата.

Маѓар најави дека главните приоритети на новата влада ќе бидат борбата против корупцијата и враќање на средствата од ЕУ замрзнати поради загриженоста за владеење на правото и корупцијата.

– Најважната задача ќе биде запирање на корупцијата и враќање на средствата од ЕУ дома, рече тој пред да положи заклетва како нов премиер.

Пратениците, денеска ја избраа Агнес Форстхофер од Тиса, за нов претседател на Парламентот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Д-р Трајковска: Еден донор на органи може да спаси и до осум животи
Следна Статија Николоски: Имаме резерви на керозин за 90 дена, отворени се пет нови дестинации и покрај кризата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар

Судски совет на Врховниот суд на Бразил синоќа го осуди поранешниот претседател Жаир Болсонаро на 27 години и три месеци…

September 12, 2025
СВЕТ

Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе

Бројот на загинати луѓе во поплавите, што ја погодија американската сојузна држава Тексас на 4 јули, се искачи на 51,…

July 6, 2025
СВЕТ

Израелска армија: Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслем

Еден од командантите на елитните сили на Хезболах, Радван, Абас Аднан Муслим е убиен во неодамнешниот израелски воздушен напад во…

October 25, 2024
СВЕТ

Руско МНР: Лавров и Рубио имаа конструктивен разговор пред самитот во Будимпешта

Русија соопшти дека нејзиниот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров и неговиот американски колега, државниот секретар, Марко Рубио, задолжени за подготовка…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?