Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петмина повредени во пожарот во Кочани се хоспитализирани во болници во Солун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Петмина повредени во пожарот во Кочани се хоспитализирани во болници во Солун
БАЛКАН

Петмина повредени во пожарот во Кочани се хоспитализирани во болници во Солун

Објавено March 17, 2025 08:42
Сподели
Сподели

Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина.

Извори од болницата Папаниколау, каде што од вчера попладне се хоспитализирани тројцата повредени, кои со амбулантни возила пристигнаа во Солун, брифираат дека сите се на Одделот за интензивна нега за повредени со изгореници, двајца се оперирани, а третиот сè уште не е.

Како што вчера објави МИА, станува збор за две девојки и едно момче на возраст од 25, 26 и 19 години, кои се тешко повредени со големи изгореници.

Дополнително, според информациите на МИА, во воената болница во Солун биле префрлени уште двајца повредени на кои им била извршена трахеотомија.

Според истите извори, болницата Папаниколау засега не е информирана или известена за транспорт на други случаи.

Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис преку платформата Икс синоќа информираше дека „Националниот центар за брза помош е во целосна оперативна готовност за транспорт и лекување на повредени со изгореници по барање на Северна Македонија“ и посочи дека четири болници во Атина и Солун се во состојба на зголемена готовност.

Георгиадис објасни дека по барањето од нашата земја до Европскиот механизам за цивилна заштита, во тек се „сите неопходни активности и во тек е координација помеѓу грчкото Министерство за надворешни работи, Министерството за здравство, Министерството за климатски кризи и цивилна заштита и Здравствен оперативен центар на брзата помош со цел транспорт, прием и лекување на повредените со изгореници во соодветните здравствени центри во земјата“.

Според министерот за здравство на Грција врз основа на оперативниот план во состојба на зголемена готовност се три болници во Атина и една во Солун, што воедно се и едни од најголемите грчки болници.

– Општиот координативен центар на службата за брза помош веќе го стави во состојба на готовност потребниот број амбулантни возила, кои ќе се користат во случај да се донесе одлука дополнителни повредени со изгореници да треба да се транспортираат во здравствените центри на националниот здравствен систем или Министерството за национална одбрана во Атина, напиша Георгиадис на Икс.

Како што вчера објави МИА, грчки владини извори брифираа дека во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани и дека по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, „со координирани активности на Министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и службата за итна медицинска помош, Грција ќе ги прими сите повредни со изгореници, како што било побарано од Европскиот механизам за цивилна заштита“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“
Следна Статија Каролина Гочева: „Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, занемени од болка“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Пијан Македонец се забил во паркиран автомобил во Загреб: Добил казна од 4.860 евра

Четириесет и петгодишен државјанин на Македонија во неделата околу 6 часот утрото предизвикал сообраќајна несреќа на улицата Радничка во Загреб,…

June 10, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Под притисок на Вучиќ, жена јавно кажа дека не е биолошка мајка на детото што го чува

За време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ во Бор и неговата средба со граѓаните, се случи емотивна и…

February 21, 2026
БАЛКАН

(ФОТО) Студентка пропаднала низ подот од читалната на Правниот факултет во Белград

Студентка од Правен факултет паднала низ подот од читална, а фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дупка на таванот од училницата…

October 31, 2024
БАЛКАН

Маж спречен да ја убие поранешната сопруга и себеси откако детето заминало на екскурзија

Основниот суд на округот Брчко одреди притвор за 52-годишниот Е. С. за продолжено кривично дело семејно насилство и нелегално поседување…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?