Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Во 2015 година 5,8 милиони, во 2020 година 11 милиони евра, Филипче дупло гo зголеми буџетот на „Жан Митрев“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Во 2015 година 5,8 милиони, во 2020 година 11 милиони евра, Филипче дупло гo зголеми буџетот на „Жан Митрев“
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Во 2015 година 5,8 милиони, во 2020 година 11 милиони евра, Филипче дупло гo зголеми буџетот на „Жан Митрев“

Објавено January 24, 2026 14:36
Сподели
Сподели

„Последниот случај со Клиничката болница Жан Митрев и јавното сведоштво на докторот Митрев, целосно го разобличи начинот на владеење на СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, изјави Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение соопштението

Со овој случај се покажа дека за СДС и Филипче нема ништо свето, за да остварат личен ќар и придобивка, тие се спремни да тргуваат со здравјето на граѓаните и да го злоупотребат државниот апарат за да рекетираат и уценуваат стопанственици.

Освен со изнуда, притисоци, тргување со правдата нудејќи му помош во судска постапка, како што јавно сведочеше доктор Жан Митрев, СДС, Филипче, Заев и компанија ги користеле и парите на граѓаните за да стигнат до сопственоста на приватната болница.

Очигледно Филипче и фрлил око на болницата уште пред да дојде СДС на власт, па така веднаш по нивно влегување во владата се зголемуваат и финансиските средства од државата кон приватната клиничка болница.

Буџетот на болницата расте од година во година за во 2020 година, кога министер за здравство е токму Венко Филипче, да се зголеми скоро за дупло од тоа што бил во 2015 година.

Во 2015 година, кога СДС сè уште е опозиција, буџетот на клиничката болница бил 361.600.000 денари или околу 5,8 милиони евра, во 2017 година се зголемува на 406.600.000 денари, во 2018 година повторно се зголемува и достигнува 457.000.000 денари.

Зголемувањето на буџетот продолжи и во 2019 година, кој достигна значителни 612.000.000 денари, за во 2020 година да достигне 682.000.000 денари или скоро 11 милиони евра, што е дупло зголемување споредено со 2015 година.

Високите приливи на народни пари од државните институции продолжија и во следните години власт на СДС и министерување на Филипче. За следните 2021 и 2022 година, буџетот на Жан Митрев изнесувал 602.000.000 денари, за 2023 година околу 548.000.000 денари, додека за 2024 година околу 515.000.000 денари.

Прво, значително намалување на народните пари кои и се префрлаат на оваа приватна Клиничка болница е минатата 2025 година, кои изнесуваат 479.883.000 денари, односно со преземањето на власта од ВМРО-ДПМНЕ.

Бројките зборуваат повеќе од јасно дека, Филипче како министер за здравство и СДС како власт, правеле огромни приливи на средства кон Клиничката болница Жан Митрев.

Тоа што не е јасно и на што Венко Филипче треба да даде одговор, дали овие големи трансфери на пари на граѓаните кон оваа болница биле за да го оствари неговиот голем мерак за влез во профитабилниот приватен здравствен сектор?

Поточно, дали префрлајќи големи суми државни пари на сметка на болницата, сакал да ја компензира, односно да ја намали нејзината вредност за тој да ја купи по багателна цена?

За сето ова очекуваме одговори и одговорност. ЈО да ги истражи сите овие наводи и сомнежи за криминал и злоупотреба на службената положба.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во комедијата: Comedian Corey Holcomb осуден за насилство врз друг comedian
Следна Статија МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници, ќе имаме голем успех на изборите

По долгите анализи и испитувања кои ги правеше и она што го констатираше, ВМРО-ДПМНЕ комплетираше листи за советници и кандидати…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники, прашуваат од СДСМ

Според опозициската СДСМ, состојбата во македонското здравство е катастрофална. Како што оценуваат, неспопсбноста на власта, создаде таков хаос, што болниците…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Собранието денеска одлучува за реконструкцијата на Владата

Собранието денес ќе ја одржи 112. седница, на која централна точка ќе биде реконструкцијата на Владата. Пратениците ќе расправаат за…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

Села: Оваа држава треба да биде бинационална, барам ново Уставно уредување

Оваа држава треба да биде бинационална држава со ново уставно уредување, порача за 24 Анализа лидерот на едно од крилата…

May 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?