Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Денешниот протест на ССМ е измама, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој граѓанин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Денешниот протест на ССМ е измама, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој граѓанин
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Денешниот протест на ССМ е измама, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој граѓанин

Објавено March 14, 2026 16:00
Сподели
Сподели

„Безидејноста и пропаста на СДС одат до таму што застануваат зад секој кој ќе најави протести. Зад денешните протести јавноста јасно виде дека наместо ССМ, стои СДС односно нивни луѓе ги организираат работниците низ Македонија за да дојдат денес во Скопје“, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој не испуштил досега ден без критика кон раководството на Сојузот на синдикати на Македонија.

„Колку за илустрација, во Тетово, како и од тој регион работниците ги организираше истакнатиот член на СДС, Мирослав Павловски.

Работниците од Струмица и околината ги организираше Бранко Георгиев. Тој е поранешен раководител во струмичкото Јавно претпријатие „Комуналец“ во време на СДС. Оливер Трајковски кој води штаб на СДС во Куманово и е вработен во тамошното Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ ги организира работниците од Куманово и кумановско.

И сите овие како и други од СДС кои се во организацијата на денешниот протест, наместо да ја зајакнуваат партијата која се движи кон пропаст да не кажеме исчезнување, тие решиле да си организираат протести на ССМ.

Барањата на работниците се едно и работниците имаат право да бараат остварување на истите. Но, начинот на кој се организирани овие денешни протести е се само не синдикална активност и борба за остварување на работничките права. Овие примери и организацијата на денешниот протест покажува само едно дека стои знак на равенство помеѓу ССМ и СДС или ако сакате СДС е еднакво на ССМ. ВМРО-ДПМНЕ како партија се грижи за секој еден граѓанин, но ова што го прават СДС и ССМ е измама“, истакна Петрушевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу на годишнината од Кочани – 400 медицинари го дадоа максимумот
Следна Статија Костадиновски: Да не се кратат платите- туку да се расчисти со судиите и обвинителите кои го валкаат образот на фелата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Техничката влада мора да остане

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори. 1.Актуелната власт…

January 13, 2026
ПОЛИТИКА

Куновска: На евентуални предвремени избори СДСМ ќе биде докрајчена

Софија Куновска, поранешна советничка на СДСМ во Советот на Град Скопје и поранешна пратеничка, вели дека СДСм е во сериозни…

November 8, 2024
ПОЛИТИКА

Зајкова: Да се направи сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица  од 1991 година до денес

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското собрание, Моника Зајкова, бара целосен ветинг и детална проверка на избраните…

March 23, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ сака Албанец за гувернер на Народна банка

ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?