Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Заев и Филипче вмешани во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал и за запленетата марихуана во Србија?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Заев и Филипче вмешани во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал и за запленетата марихуана во Србија?
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал и за запленетата марихуана во Србија?

Објавено February 8, 2026 13:45
Сподели
Сподели

„Како во сите скандали во кои има сомнеж за криминал, така и овој не поминува без вклученост во јавноста на името Зоран Заев и секако неговиот ученик и другар, Венко Филипче.

Јавувањето во јавност на Заев е директно погодување во центар и изблик на нервоза на Заеви кои се фатени директно на лице место во медот.

Заев лаже дека не гради во Дубаи, а за тоа има јавни сведоштва и факт е дека Заев заедно со Филипче има златна виза и е добро да објасни врз кој основ ја добил визата. Филипче лажеше дека ќе бил доктор во Дубаи и затоа добил виза, и Заев ли ќе оперира па затоа добил виза.

Факт е дека основоположник на бизнисот со марихуана во Македонија е владата на Заев.

Околу 70 проценти од запленетата дрога е на фирма која е во сопственост на кадар од СДС, поточно човек близок на Заев.

Дополнително само во текот на вчерашниот ден во струмичко беа запленети околу 30 тони дрога.

Кое е лицето и фирмата поврзани со СДС? Станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“ во сопственост на Тони Котев познат како М’гчев кој е поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Поточно формалната сопственост на фирмата е кај неговиот син Христијан Котев.

М’гчев е исто така познат како личност чии бизниси се поврзани со Вице Заев.

Фирмата на М’гчев кон скопската фабрика каде стартуваше полициската акција за период помал од шест месеци во 2025 година има испорачано 19 тони марихуана што е познато според документи.

Почитувани, фирмата на М’гчев добива одобрение за работа во време кога владата ја предводеше Заев, а Филипче беше министер за здравство, поточно во 2020 година.

ВМРО-ДПМНЕ и тогаш укажуваше дека лиценците за ваков вид на фирми кои одгледуваат марихуана за медицински цели се добиваа само ако некој е близок со Заев, а не ако исполнува услови пропишани во правните акти. Или освен фирмата на синот на М’гчев, дозвола за работа тогаш доби и фирмата во сопственост на синот на Боро Малборо.

Оттука, апелелираме до јавното обвинителство да ја истражи и поврзаноста на Заев и Филипче со фирмата каде е запленета марихуаната.

Дополнително јавноста треба да добие одговор и зошто Заев лично се интересирал и се јавувал во државни институции интересирајќи се за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.

Борбата со криминалот е јасна и ќе дојде крајот и на наркокартелот на Заеви.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Здравствена агенција го упатува провајдерот на лажни GLP-1 лекови Hims & Hers до Министерство за правда
Следна Статија Морнарички секретар на Трамп наведен во дневниците на Епштајн

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Филипче додека зема народни пари има обврска да дава отчет каде ги троши истите

Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко Филипче иако плата земаше од пари на народот како министер, а…

November 4, 2024
ПОЛИТИКА

Додека го месете лепчето за Бадник, ѕирнете го соопштението на СДСМ, има „само“ шест страни

СДСМ денеска на ден Бадник, кога речиси цела Македонија се подготвува за бадниковата вечера, кога рано наутро се пречекуваат коледарчиња,…

January 6, 2026
ПОЛИТИКА

Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија истакна дека по сите големи ветувања на…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити до Ахмети: Со веќе позната реторика подготви се уште долги години во опозиција

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се подготви за уште долго…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?