Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски претставува значајна победа за правната држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски претставува значајна победа за правната држава
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски претставува значајна победа за правната држава

Објавено December 16, 2025 14:23
Сподели
Сподели

По оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека станува збор за системски, а не персонален чин, кој, според нив, означува крај на долг период на нарушен легитимитет и политизација на Јавното обвинителство.

На денешната прес-конференција, пратеникот Бране Петрушевски истакна дека со години во јавноста постоеле сериозни сомнежи за селективна правда и политички влијанија во работата на обвинителството, што, како што рече, сега за првпат индиректно се признаваат и од самиот обвинител.

„Фактот што оставката доаѓа дури сега, а не во моментот кога институцијата очигледно беше компромитирана, само ја потврдува длабочината на проблемот и обидите да се одржи статус кво кое им служеше на поранешната власт“, изјави Петрушевски.

Според него, во изминатиот период обвинителството било перципирано како партизиран механизам кој ги штител функционерите на СДС и ДУИ, наместо како независна институција во служба на законот. Петрушевски постави низа прашања поврзани со евентуална координација меѓу обвинители и заташкување на повеќе од 40 случаи на висока корупција, како и за тајмингот на оставката, за кој рече дека можеби бил искористен за „купување време“.

„Ова не е крај, туку почеток – почеток на вистинска, неселективна правда и демонтажа на заробените институции“, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата најавија дека ќе инсистираат овој момент да биде преточен во конкретни и суштински реформи, со цел обезбедување независно, професионално и департизирано Јавно обвинителство, во интерес на граѓаните и владеењето на правото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Берзански идиции на Dow Jones растат: Дали вештачката интелигенција ќе се врати или ќе го намали пазарот?
Следна Статија Трагедија во Гостивар: Усмртен велосипедист, уапсен возач

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850.000 евра?

Венко Филипче да не се крие и да одговори, дали јахтата со која крстари по Егејското море е на Заев…

August 13, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ?

Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на…

February 23, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашањето од Митко Трајчулески од СДСМ, за неисполнетите…

July 31, 2025
ПОЛИТИКА

Арсовски бара извинување од СДСМ: Немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за негова поврзаност со фирмата која добила тендери во…

November 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?