Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Филипче е должен да одговори дали имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист пари од народот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Филипче е должен да одговори дали имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист пари од народот
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Филипче е должен да одговори дали имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист пари од народот

Објавено January 26, 2026 18:08
Сподели
Сподели

Венко Филипче за седум години власт на СДС очигледно во фокусот му биле само работи од негов личен интерес и интерес на неколумина негови другари, а главните зделки ги планирал со менторот Заев, кажа Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција што ви ја пренесува интегрално.

„Една од нив е и идејата, поточно планот да ја преземат Клиничката болница Жан Митрев. Случај кој се актуелизираше по неодамнешната изјава и потврда за ова од доктор Жан Митрев.

Шемата како во сите случаи, така и во овој се користење на исти нивни техники, изнуда, притисоци, влијание во судски постапки како што и му нуделе на Митрев.

Очигледно планот за преземање на приватна болница не им поминал, што е добро затоа што практично тоа ќе значело да си ги приватизираат парите на граѓаните за нивни цели.

Филипче дека имал добро подготвен план говори еден клучен факт, а тоа е зголемувањето на сумата од ФЗО која се префрла на Болницата. Сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупла за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.

Тоа е класичен план за присвојување на пари на граѓаните за лична корист или приватизирање на народни пари.

Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали навистина имал за цел со преземање на Клиничката болница Жан Митрев да си приватизира за лична корист, пари од народот.

Исто така, јавното обвинителство несомнено да го истражи случајот со Клиничката болница Жан Митрев.

Граѓаните заслужуваат одговори, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да работи за интересите на народот“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Младо момче од Возарци пронајдено починато дома
Следна Статија Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за еден денар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува: Породилното доцни со недели

Членката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска обвини дека државата доцни со исплатата на породилните надоместоци, поради…

November 25, 2025
ПОЛИТИКА

Жерновски e симбол на неуспех, предавства и скандали, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСM може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа…

December 24, 2025
ПОЛИТИКА

„И брат на пратеник на СДС се офајдил со над 200 илјади евра од Еразмус+“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Сумите од по 200 илјади евра од Еразмус +, како од шала, се делеле на лица блиски од СДС. Покрај…

August 19, 2025
ПОЛИТИКА

Потпретседателката на СДСМ, Чупеска за Илон Маск: Порано ми се „свиѓаше“ футуристичкиот дечко, а сега веќе не (ВИДЕО)

Откако пред два дена заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска излажа дека договорот за Стратешко пријателство со САД го…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?