Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пешевски: Кацарска со пресудите за „27 април“ го погреба правосудство, ама доби награда да биде уставен судија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пешевски: Кацарска со пресудите за „27 април“ го погреба правосудство, ама доби награда да биде уставен судија
МАКЕДОНИЈА

Пешевски: Кацарска со пресудите за „27 април“ го погреба правосудство, ама доби награда да биде уставен судија

Објавено August 14, 2025 11:14
Сподели
Сподели

Од процесот за „27 април“ изминува осмата година. Овој настан сѐ уште за некои е терористички напад, а за некои патриотски чин. Еден од осудените почина, дел излегоа од затвор со изречен прекин на издржување на затворската казна од здравствени причини, но не се на слобода. Адвокатот Драган Пешевски, кој директно беше вклучен во постапката за „27 април“, кој поднесе, а не доби поддршка за Закон за амнестија за овие луѓе да излезеа на слобода, и кој отворено и за МКД.мк зборува за секој детаљ од овој процес, како и за доближувањето на политиката во правосудството, за тоа дали во „27 април“ има терористи или уставобранители?

Осум години подоцна, на што Вас како правник Ве асоцира овој процес, спроведување на законите, правда, политички монтиран процес, изгубени животи, запустени човечки судбини, невини луѓе зад решетки…?

– Кумулативно сето она што го споменавте го опфаќа целиот овој процес. Го следевте процесот и знаете и вие, медиумите, но ќе кажам дека овој процес беше погреб на македонското правосудство, кое и претходно не беше во добра состојба. Со овој процес буквално го закопавме, а не гледам дека некој проба да го оживее „мртовецот“ и да му даде вештачко дишење. Правосудството оттогаш сѐ повеќе пропаѓа, а во „27 април“ видовме процес во кој обвинетите беа третирани како да сме во 7 век п.н.е. и овие луѓе немаа никакви права, а никакви права немаше ни одбраната. Од самиот почеток е јасно дека овој процес е политички монтиран, а последиците од тоа сè уште ги гледаме. Гледаме еден куп осудени лица, кои се неправедно осудени, а ги трпат правните последици и лежат во затвор.

Во почетокот на 2025 обвинетите за организирањето на овој настан беа амнестирани. По шест години од судскиот процес Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски од судијата Илија Трпков ги слушнаа зборовите: „Слободни сте, можете да си одите“. Но тоа никогаш не се случи со оние од „27 април“ што беа осудени на високи затворски казни. Во почетокот на првиот процес беа амнестирани дел од оние што одговараа за терористичко загрозување на уставниот поредок. Од една страна се првите, амнестираните, од друга оние за организирањето на овој настан, а во средина останаа оние осудените на високи затворски казни. Ги изгоре ли политиката оние што останаа во средина?

– Замислете, генералите, односно организаторите, првично добија по 5 до 6 години затвор, а војничињата од 12 до 18 години затвор. Апсолутно оние што останаа во средина, а за кои ме прашувате, ги изгоре политиката, и тоа не наеднаш, туку повеќе пати. Законот за амнестија од правен аспект беше за потсмев. Тоа е Закон во кој вие не знаете дали луѓе се амнестираат, се аболицираат, кој го дава мислењето, кој помилува… Значи, мислење даде органот на прогон, а тоа судот само го прифати. Амнестирањето е уште една голема горчина во овој процес, бидејќи сѐ беше направено произволно. На Горан Ангелов, кого го бранам во овој процес, му се припиша дека сторил насилно дејствие и не може да биде амнестиран. А насилното дејствие беше тоа што полицаец му ја фатил раката на скали, а тој ја оттргнал. Тој со ова име и презиме не смееше да добие амнестија, а неа ја доби лице што носеше оружје во Собранието.

Наменски направен Закон за амнестија?

– Да, се разбира дека е наменски за пратениците што им беа потребни за да го изгласаат Преспанскиот договор. А и за дел од другите, уметници, водители, глумци… но не важеше за оние што тогаш беа нарекувани насилници, а не важеше ниту за полициските службеници. Овие луѓе беа избегнати со овој закон. Еден од пратениците, односно Крсто Мукоски, за него сакам да нагласам дека вештаците во судската сала тврдеа дека ако вратата на Собранието не се отвори рачно од внатре, не може ни тенк да ја отвори, а не да дојдат 300 луѓе и со буткање да ја отворат. А Мукоски, големиот „патриот“, подоцна гласаше за промена на името.

Игор Југ, за жал почина, дел од луѓето што беа осудени се на слобода од здравствени причини, со барање за прекин на издржување на затворската казна, но никој од нив не доби слобода и не доби амин од обвинител или од суд.

– Деновите во затвор секако си го земаат данокот. Дел од осудените за „27 април“ имаа здравствени проблеми, но на дел од нив здравјето им се влоши во затвор бидејќи минаа 8 години зад решетки, а тоа е премногу за нешто што не го сториле.

Ветувања дека ќе излезат на слобода има?

– Да, имаат куп ветувања од оваа власт дека ќе излезат на слобода. А и во предизборните кампањи се изнаслушавме дека овие луѓе ќе излезат комплетно на слобода уште првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт или барем во првите 100 дена, но тоа до сега не се случи. Прекинот на издржување на затворската казна не значи слобода. Се појавија нови докази, како што е исказот на тогашната обвинителка Вилма Русковска дека пресудата за „27 април“ ја знаела уште пред да биде донесена, што е недозволиво, а и исказот на сегашниот директор на затворот во Идризово, дека поротата била повикана да потпише целосно подготвена пресуда, а не била консултирана ни при одмерувањето на казната, ниту при донесувањето на одлуката. Спремни сме да бараме повторување, но очигледно некој на обвинетите им сугерирал да се почека со барањето за повторување на постапката бидејќи им се ветува слобода.

Целото интервју на МКД.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шпанска пејачка ги покажа градите среде концерт- го фрли градникот во публиката (ВИДЕО)
Следна Статија СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за „Еразмус+“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во работна посета на Приштина на покана на неговиот косовски колега, министерот…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Член на Надзорниот одбор на М-НАВ избран без соодветен степен на образование

За да бидете член на надзорниот одбор на акционерското друштво „М-НАВ“, треба да имате најмалку 240 кредити, односно да имате…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Крстовден – ден за строг пост и поклон пред светиот крст на верата

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Досега издадени околу 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември

Преку Министерството за дигитална трансформација (МДТ) досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?