Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пивара Скопје доби нов генерален директор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Пивара Скопје доби нов генерален директор
Blog

Пивара Скопје доби нов генерален директор

Објавено June 3, 2025 19:14
Сподели
Сподели

Од 1 јуни, нов генерален директор на Пивара Скопје е Огњен Лазиќ. Тој доаѓа на местото на Душан Митрев, кој е унапреден на нова позиција во рамки на Coca-Cola HBC групацијата.

Новиот генерален директор Лазиќ доаѓа од позицијата директор за маркетинг и комерцијална извонредност во „Бамби“, Србија. Има богато искуство во индустријата за пијалаци и финансиски менаџмент, како и во управување со развој на стратегии за раст на бизнисот.

„Голема чест е да се преземе раководење на компанија со едновековна традиција, која зад себе има препознатливост, стабилност, тим со искуство, но и огромен потенцијал за раст. Заедно со тимот ќе работиме на унапредување на ефикасноста, воведување иновации во работата, проширување на нашето портфолио и уште поголема поврзаност со консументите. Целта е јасна, да останеме вистински 24/7 партнер за пијалаци и прв избор на пазарот“, изјави Лазиќ.

Лазиќ претходно бил директор за финансии на „Бамби“ од 2018 година, а исто така работел и во индустријата за пијалоци и како консултант во ЕУ. Лазиќ е препознатлив по својот иновативен пристап во менаџирањето, како и по креирање ефикасни синергии помеѓу различни сектори и тимови, со цел подобрување на резултатите и оптимизација на процесите. Неговата експертиза и постигнати резултати ќе бидат силна основа за понатамошен раст на Пивара Скопје, со фокус на иновации во бизнисот, унапредено корисничко искуство и поттикнување на развој на таленти во рамки на компанијата.

Пивара Скопје останува посветена на својата мисија, да креира 24/7 портфолио за секој ден од денот слушајќи ги потребите на консументите. Компанијата продолжува да работи на јакнењето на позициите на пазарот, градењето највисоко ниво на задоволство кај потрошувачите, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти кои се една од нејзините главни одлики. Пивара Скопје е дел од глобалните групации Coca-Cola HBC и Heineken N.V.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Македонија 4.000 луѓе умираат од консумирање тутун секоја година
Следна Статија За Силјановска Давкова, новиот гувернер Славески е светски признат професор кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Волстрит постави нови рекорди, 82% од компаниите ги надминаа очекувањата за заработка

На најголемите светски берзи, индексите достигнаа рекордни нивоа минатата недела, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од добрите вести за трговските преговори…

July 27, 2025
Blog

Шефот на „Епл“ најави нов производ: „Запознајте го новиот член на семејството“

Извршниот директор на „Епл“ откри дека технолошкиот гигант набргу ќе претстави нов уред. Обично треба да почекаме до пролет за…

February 16, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Стрелец – недела, 9 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот на личност во знакот Стрелец е послат со непрекинано подигнување на позитивната вибрација. Стрелецот…

February 9, 2025
Blog

(ВИДЕО) Вучиќ: Срамната е пресуда против Милорад Додик

Српскиот претседател Александар Вучиќ за првпат зборуваше од авион на пат за Бања Лука, откако претседателот на Република Српска Милорад…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?