Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пивара Скопје доби нов генерален директор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Пивара Скопје доби нов генерален директор
Blog

Пивара Скопје доби нов генерален директор

Објавено June 3, 2025 19:14
Сподели
Сподели

Од 1 јуни, нов генерален директор на Пивара Скопје е Огњен Лазиќ. Тој доаѓа на местото на Душан Митрев, кој е унапреден на нова позиција во рамки на Coca-Cola HBC групацијата.

Новиот генерален директор Лазиќ доаѓа од позицијата директор за маркетинг и комерцијална извонредност во „Бамби“, Србија. Има богато искуство во индустријата за пијалаци и финансиски менаџмент, како и во управување со развој на стратегии за раст на бизнисот.

„Голема чест е да се преземе раководење на компанија со едновековна традиција, која зад себе има препознатливост, стабилност, тим со искуство, но и огромен потенцијал за раст. Заедно со тимот ќе работиме на унапредување на ефикасноста, воведување иновации во работата, проширување на нашето портфолио и уште поголема поврзаност со консументите. Целта е јасна, да останеме вистински 24/7 партнер за пијалаци и прв избор на пазарот“, изјави Лазиќ.

Лазиќ претходно бил директор за финансии на „Бамби“ од 2018 година, а исто така работел и во индустријата за пијалоци и како консултант во ЕУ. Лазиќ е препознатлив по својот иновативен пристап во менаџирањето, како и по креирање ефикасни синергии помеѓу различни сектори и тимови, со цел подобрување на резултатите и оптимизација на процесите. Неговата експертиза и постигнати резултати ќе бидат силна основа за понатамошен раст на Пивара Скопје, со фокус на иновации во бизнисот, унапредено корисничко искуство и поттикнување на развој на таленти во рамки на компанијата.

Пивара Скопје останува посветена на својата мисија, да креира 24/7 портфолио за секој ден од денот слушајќи ги потребите на консументите. Компанијата продолжува да работи на јакнењето на позициите на пазарот, градењето највисоко ниво на задоволство кај потрошувачите, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти кои се една од нејзините главни одлики. Пивара Скопје е дел од глобалните групации Coca-Cola HBC и Heineken N.V.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Македонија 4.000 луѓе умираат од консумирање тутун секоја година
Следна Статија За Силјановска Давкова, новиот гувернер Славески е светски признат професор кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Pokémon Pokopia For Switch 2 Receives A Day One Update – Nintendo Life

You'll need it to access online play

March 8, 2026
Blog

Доларот тоне на најниско ниво во последните три години поради зголемената недоверба

Американскиот долар падна на најниско ниво во последните три години, бидејќи повлекувањето на инвеститорите од американските финансиски инструменти се интензивира,…

April 22, 2025
Blog

Владата ја зацврстува меѓународната позиција на Македонија: Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со САД

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека води успешна дипломатија, градејќи силни и одржливи билатерални односи со клучните меѓународни…

February 14, 2026
Blog

Standard Chartered: Биткоинот наскоро ќе скокне на рекордни 120.000 долари

Биткоинот би можел да достигне нов рекорд во вториот квартал од оваа година, според Џеф Кендрик од „Standard Chartered“. Растот…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?