Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот
МАКЕДОНИЈА

Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Објавено March 29, 2025 14:30
Сподели
Сподели

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Ова го соопшти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

Говорејќи пред новинарите, Јаревски рече дека неделава биле посветени на изнаоѓање на решенија кои во иднина нема да дозволат да се случат нови трагедии или хаварии.

По скратена постапка го менуваме законот за јавен ред и мир, кој ќе создаде нови механизми за воведување ред, заштита и поголема безбедност за секого. Предлог законот го стеснува обрачот околу оние кои создаваат ризици преку злоупотреба и незаконско користење на пиротехнички средства, особено во затворен простор. Се заострува регулацијата за приредување огномет, факелијада и слични приредби на кои се користат експлозивни материи“, рече Јаревски.

Тоа ќе значи и заострување на казните за поединци и фирми кои ќе ги прекршат одредбите од овој закон. Дел од казните се двојно повисоки, а за некои, законот предвидува и притвор.

Преку ова законско решение ќе се прошири и надлежноста на полицијата – механизам преку кој ќе овозможат поголема контрола при користење на експлозиви, како и побрзо и поефикасно спроведување на овој закон.

Тој најави дека во периодот кој следи, во Собранието ќе се поднесат и други предлози кои се подготвуваа изминативе две недели – период во кој Собранието не заседава по трагедијата во Кочани.

Тој ги повикува колегите пратеници, без разлика на политичката припадност, да го поддржат овој предлог-закон, бидејќи станува збор за суштинска промена која не засега сите. Ја охрабрува и пошироката јавност, активно да се вклучи во дискусијата и да даде свои сугестии.

Во пожарот што го предизвика пиротехниката во Кочани, за време на концертот на ДНК, животот го загубија 59 млади луѓе, а околу 200 се здобија со повреди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година
Следна Статија Видео: Експлодира лимузината на Путин!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Започнаа оставки: Крстевска Цалева се повлекува од фукцијата в.д. шеф на Вишото обвинителство Скопје

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева поднесе писмена оставка од функцијата в.д. шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, која денеска ќе биде…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата покажа дека приоритет број 1 ѝ е борбата против корупција, вели евроамбасадорот Рокас

Зборувајќи за борбата против корупцијата, евроамбасадорот Михалис Рокас во вчерашното интервју на „Сител“ истакна дека целата активност на Владата мора…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Мисајловски на средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт

Премиерот Христијан Мицкоски рано утринава се сретна со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.…

December 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

Во Берово денеска беа одбележани 24 години од смртта на загинатите бранители во воениот конфликт 2001 година. Свежо цвеќе од…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?