Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пицула: Во сегашната состојба Србија не може да стане членка на Европската Унија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Пицула: Во сегашната состојба Србија не може да стане членка на Европската Унија
БАЛКАН

Пицула: Во сегашната состојба Србија не може да стане членка на Европската Унија

Објавено August 21, 2025 16:17
Сподели
Сподели

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека ниту еден од клучните политички фактори во ЕУ повеќе нема илузии за тоа кој е српскиот претседател Александар Вучиќ и каков тип влада предводи, пренесуваат денеска регионалните медиуми. Според него, Србија во сегашната состојба не може да стане членка на Европската Унија.

„Прашањето е како да се дефинира ставот кон алтернативата – кон оние кои потенцијално би можеле да дојдат на власт утре, но во моментов ова е неизвесна политичка драма. Според мене, владата на Вучиќ има легалитет, но демонстрантите добиваат легитимитет“, рече Пицула, цитиран од хрватски „Индекс“.

Тој, исто така, коментираше за трагедијата со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица, изразувајќи загриженост дека „17-тата жртва може да падне во ескалацијата на судирите на улиците на српските градови“.

„Ова е исклучително сериозно предупредување до оние кои мора да одлучат дали да бараат каков било компромис за иднината на Србија. Излезот мора да се најде преку избори“, нагласи Пицула.

Тој нагласи дека Хрватска мора да заземе поцврст политички став против „сите манипулации на владата на Вучиќ“, која, како што рече, „периодично ги притвора хрватските граѓани и ги протерува од земјата“.

Во врска со неговата фотографија од воените години, објавена околу годишнината од операцијата „Бура“, Пицула рече дека е изненаден од негативната реакција, но нагласи дека „немал намера да провоцира“.

„30-годишнината од меѓународно признатата операција со која Хрватска го започна своето патување беше едноставно добра прилика да им се обратам на луѓето со кои ги споделив тие времиња, како и на граѓаните“, објасни тој.

Според него, ставот кон минатото е клучот за она што се случува во Србија денес:

„Очигледно е дека Србија во моментов е земја која во многу аспекти не може да се согласи за својата иднина, но постои консензус кога станува збор за толкување на минатото – и токму тоа го видовме по моето објавување“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Брет Вајнштајн објаснува зошто мНРА вакцините носат миокардитис: Не е лошо, туку е многу полошо!
Следна Статија Еве неколку совети за пониски сметки за струја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

САД со итно предупредување: Не патувајте во Турција

Американскиот Стејт департмент издаде ново патничко предупредување за Турција, при што за југоисточниот дел на земјата е воведено највисокото ниво…

March 9, 2026
БАЛКАН

Додик: Српска на раскрсница, или ќе се дистанцира од Сараево или ќе престане да постои

Народното собрание на Република Српска е „местото каде што се бориме“, рече претседателот на Република Српска Милорад Додик, додавајќи дека,…

August 10, 2025
БАЛКАН

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за…

October 26, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Избори во декември 2026 или пролет 2027 година, очекувам и реконструкција на владата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека очекува реконструкција на Владата која би се извршила во периодот од март…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?