Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Планините не се само дестинација, тие се втор дом и наша одговорност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Планините не се само дестинација, тие се втор дом и наша одговорност
Blog

Планините не се само дестинација, тие се втор дом и наша одговорност

Објавено March 13, 2025 16:41
Сподели
Сподели

Дали сте знаеле дека македонските планини, како што се Пелистер, Шар Планина или Водно, се вистински природни лекови? Прошетка низ Националниот парк Пелистер, познат по моликата и боровите, ги регенерира сите ваши клетки додека уживате во спектакуларниот поглед на Битолското поле. Пешачењето по стрмни патеки или качувањето на врвот на Шар Планина значително ги зајакнува белите дробови. А што е поубаво од освежување со чиста, изворска вода директно од планината?

Но планините не се само предизвик и физичка активност. Истражувањата покажуваат дека времето поминато во природа го намалува нивото на стрес и анксиозност. Јапонска студија докажала дека луѓето кои често се во шумски предели имаат намалено ниво на кортизол – хормонот на стресот. Со само една прошетка по некоја од македонските планински патеки, како онаа до врвот на Водно, можете брзо да се ослободите од секојдневниот стрес и негативни мисли.

Токму тоа го искусиле Ана и Мане од Adventure.mk, кои го посветиле својот живот на истражување на природата.

„Кога почнавме да ја разбираме природата, почнавме да го разбираме и животот, а гледајќи оттука – на секој му го посакуваме тоа чувство. Интересно е колку човек се менува кога ќе почне да ги истражува, набљудува и забележува процесите кои се случуваат таму“, велат тие.

За нив,како двајца авантуристи, планините не се само дестинација – тие се втор дом.

„Спиејќи под отворено небо и истражувајќи ги драгоцените богатства на Македонија, сфативме дека вистинската слобода се наоѓа на чекор од нас. Научивме да бидеме издржливи, да почитуваме и вреднуваме, да сме смирени и сталожени, и најважно од сѐ – да сме целосно присутни и неизмерно благодарни што ваквите богатства сѐ уште ги имаме на дланка, додаваат тие.

Затоа, одговорноста за зачувување на природата е наша. Планините ни даваат толку многу, а сега е време да им се оддолжиме.

Кампањата која ја започна СКОПСКО потсетува дека тие се „Наша гордост, но и наша одговорност“. Со секое купено СКОПСКО или СКОПСКО смут во стаклена амбалажа, се издвојува по еден денар за заштита на македонските планини.

„Секој денар вложен во оваа иницијатива е чекор поблиску до долгорочната заштита на нашето природно наследство“, велат од СКОПСКО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“
Следна Статија Ја снимал девојката додека имале сексуален однос, кога сакала да му раскине и се заканувал со видеото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

САД 5-1 Уругвај: Впечатлив триумф во пријателски натпревар

Стручен преглед и анализа на пријателскиот натпревар помеѓу САД и Уругвај од 18 ноември 2025 година

November 20, 2025
Blog

Кинезите почнаа да градат фабрика за производство на летечки автомобили

Во неделата започна изградбата на првата фабрика за летечки автомобили во Гуангжу, главниот град на провинцијата Гуангдонг во јужна Кина,…

October 28, 2024
Blog

Како Сингапур стана една од најразвиените земји во светот

Сингапур е островски град-држава. Со површина од 725 квадратни километри, тој е една од најмалите, но и најразвиените земји во…

June 3, 2025

Pixel-овата функција ‘Сега Свири’ станува реална апликација, но не за сите

Google подготвува да ја претвори Pixel-овата функција 'Сега Свири' во самостојна апликација достапна преку Play Store, но нема да биде…

February 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?