Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ПЛУСИНФО: Бујар Османи нема да признае пораз на 19 октомври, во ДУИ се подготвува сценарио за „сенароден“ албански протест против власта после избори?!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ПЛУСИНФО: Бујар Османи нема да признае пораз на 19 октомври, во ДУИ се подготвува сценарио за „сенароден“ албански протест против власта после избори?!
ПОЛИТИКА

ПЛУСИНФО: Бујар Османи нема да признае пораз на 19 октомври, во ДУИ се подготвува сценарио за „сенароден“ албански протест против власта после избори?!

Објавено September 22, 2025 10:05
Сподели
Сподели

Како што пристигнуваат анкетите во штабот на ДУИ во Чаир, во кои апсолутната предност е во полза на Изет Меџити, кандидатот на Вреди (Влен) почнува да се разработува и план за оспорување на изборните резултати, дознава Плусинфо од свои партиски извори.

Наводно, Бујар Османи сметал дека треба да се инвестира во градење лажна перцепција во јавноста дека ДУИ води пред Вреди со разлика 3:1, за да се претстави како извесен победник. Иако повеќето релевантни истражувања упатуваат дека рејтинзите на коалицијата на ДУИ и на коалицијата Вреди се речиси изедначени, Османи сметал дека вечерта на 19 октомври треба да ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Изет Меџити дека му ја украле победата и затоа да не го признава поразот.

Како што пишува Плусинфо претходно, се ковал план, во текот на кампањата, да почнат серија обвинувања на адреса на Вреди, дека наводно ја злоупотребуваат власта за купување и за присилба на гласачите во Чаир, Сарај, Студеничани, Арачиново, Тетово, Струга, Дебар и во Кичево.

Доколку успее да ги убеди членството и симпатизерите дека со предизборен инженеринг се суспендира волјата на мнозинството Албанци, ДУИ планира тоа да го искористи како иницијална каписла за постизборни протести, кои треба да предизвикаат политичка криза.

Ова не е прв пат да се говори за вакви деструктивни сценарија. Во март оваа година, Вреди ја обвини ДУИ дека подготвува бојкот и провокации на денот на локалните избори. Тогаш ДУИ излезе со став дека ако Уставниот суд го чепне Законот за употреба на јазиците, ќе ги бојкотираат локалните избори.

Затоа, од оваа перспектива, воопшто не е за чудење тоа што Бујар Османи упорно се обидува да наметне теми за наводно оспорување на легитимитетот на Албанците и инсистира на дуел со ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека ја игнорираат волјата на Албанците и порачувајќи им дека поради тоа се создавал „сенароден“ албански отпор против власта.

Дали на 19 октомври ќе надвладаат заговорниците на ова сценарио за оспорување на изборниот резултат, или некој од ДУИ јавно ќе го повика Бујар Османи да не се обидува да се претставува како лажна жртва за да си ја спасува политичката кариера, останува да видиме.

Она што поважно е што владините партнери ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ уверуваат дека се запознаени со потенцијалот на ДУИ за оспорување на изборниот резултат и се подготвени да го пресретнат овој јалов обид за деструктивни дејствија, пишува Плусинфо.мк.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марковски објави фотографии од преполни контејнери и купишта отпад: „Градот секое утро треба да е спастрен и дотеран за граѓаните“
Следна Статија (Видео) Украинците објавија снимка: „За прв пат погодивме два руски воени хидроавиони“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да коментира за процесот на преговори околу формирањето нова влада во Бугарија, но оцени дека…

January 7, 2025
ПОЛИТИКА

За Беџети кривичната пријава за проневера од 1,7 милиони евра била политички монтирана хајка

Пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, денеска одржа прес-конференција во Собранието, нагласувајќи дека кривичната пријава поднесена…

November 14, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Мора да има одговорност за упропастениот град и оставениот хаос

Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните. Лоцирање одговорност мора да има за упропастениот град и…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

Влатко Ѓорчев: Секој денар од мојот имот има документирано потекло

За секој денар од мојата имотна состојба имам пријавено и документирано потекло на имот. Целосен увид во мојот имот имаа…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?