Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе од 900 жени годинава се жртви на семејно насилство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Повеќе од 900 жени годинава се жртви на семејно насилство
ХРОНИКА

Повеќе од 900 жени годинава се жртви на семејно насилство

Објавено November 26, 2025 12:47
Сподели
Сподели

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките. Оваа порака одекна вчера за време на официјалното отворање на овогодинешната кампања „16 дена активизам против родово-базирано насилство“, одржано на Економскиот факултет во Скопје.

Националната кампања е заеднички организирана од сите агенции на Обединетите нации во земјата, Делегацијата на Европската унија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и бројни институционални и граѓански партнери, потврдувајќи широка и обединета посветеност за превенција и одговор на насилството врз жените и девојките.

Кампањата посебно го истакнува распространетиот ефект на родово-базираното насилство во сите сфери од животот, вклучувајќи ги зголемените ризици со кои се соочуваат бегалките, присилно раселените и жените и девојките без државјанство. Таа нагласува четири форми на насилство кои често остануваат недоволно препознаени: економско насилство, родово базирано насилство преку технологија, психолошка злоупотреба и насилство врз жените во политиката. Иако често занемарени, овие скриени форми имаат долготрајни последици врз автономијата, менталното здравје, економската сигурност и општественото учество на жените и девојките.

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, истакна дека насилството не смее да се игнорира: „За жал, бројките покажуваат дека во 2025 година, од вкупно 1,260 регистрирани жртви, дури 932 се жени жртви на семејно насилство. Оваа бројка треба да биде повик за акција за сите нас – да преземеме конкретни мерки за намалување на насилството. Решавањето на овој проблем мора да биде темелно, решително и енергично. Институциите мора да дејствуваат проактивно во согласност со постојното законодавство, кое им дава јасен мандат за спроведување мерки и механизми за заштита“, додаде тој.

Овогодинешната кампања ќе се одвива под мотото „Промени ја приказната. Стави крај на насилството“ и повикува на порано препознавање на предупредувачките знаци, посилни превентивни мерки, подобрени институционални одговори и поголема одговорност за сторителите. Таа ја нагласува потребата од целосна имплементација на националното законодавство, вклучувајќи ги одредбите од Кривичниот законик за психолошко и економско насилство, Законот за превенција и заштита од родово-базирано насилство, како и усогласување со стандардите на Истанбулската конвенција. Кампањата исто така ја истакнува важноста на економското зајакнување и поддршката за реинтеграција на преживеаните.

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, нагласи дека за Европската унија родовата еднаквост не е само основна вредност – таа е столб на нашата демократска визија:

„Доказите покажуваат дека кога родовата нееднаквост опстојува, насилството се зголемува. Вечерва сме тука – во солидарност со преживеаните. Во поддршка на оние кои работат за нивна заштита. И со решителност да дадеме сè од себе, како институции и како поединци, за да спречиме насилство“, рече Рокас.

Партнерите ја истакнаа потребата од посилна вклученост на мажи и момчиња, родители, младински мрежи, наставници и локални заедници, чија улога е суштинска за прекинување на циклусите на насилство. Кампањата нагласува дека насилството има многу лица и дека економската контрола, дигиталната злоупотреба и психолошката манипулација се исто толку штетни како и физичкото насилство, оставајќи невидливи, но длабоки траги.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, исто така истакна дека насилството може да се спречи: „Но, превенцијата бара храброст – од институциите да дејствуваат, а од заедниците да проговорат, да ги оспорат штетните норми и да одбијат молк. Ставањето крај на насилството е заедничка одговорност и мора да ја спроведеме со доследност, сочувство и посветеност“, рече тој.

Оваа кампања ги повикува општеството во целина, институциите, заедниците и поединците да заземат јасен став против сите форми на родово базирано насилство. Таа бара култура на превенција заснована на почит, еднаквост и нулта толеранција кон злоупотреба. Крајната цел е да се обезбеди секоја жена и девојка во Северна Македонија, вклучувајќи ги бегалките и жените без државјанство, да може да живее без насилство, да ги остварува своите права и да се чувствува безбедно во својот дом, работно место, училиште, заедница и јавен живот.

Меѓу многуте активности, кампањата вклучува иновативни изведби на социјален театар во неколку градови низ земјата, осмислени да понудат искуствено учење преку интерактивни претстави за различни форми на родово базирано насилство.

Постојаниот координатор на ОН во  Македонија, Рита Колумбија, заклучи дека имаме знаење и алатки за ставање крај на родово базираното насилство: „Сега треба да ги обединиме нашите напори, да застанеме рамо до рамо и да ги исполниме ветувањата што сме ги дале. Заедно ја имаме моќта да изградиме иднина во која секоја жена и девојка е слободна од страв и штета. Ставањето крај на насилството врз жените не е само морална обврска – тоа е фундаментален темел за мирот, развојот и просперитетот на нацијата“, рече таа.

За време на вчерашниот настан беше претставено и новото издание на „НАВИГАТОР“, едукативна онлајн игра создадена за подигнување на свеста за човековите права. За разлика од минатата година, ова издание воведува значајни надградби кои го збогатуваат процесот на учење и ги зајакнуваат интерактивните елементи. Новитет е воведувањето на „Портокаловата планета“, посветена на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базирано насилство“. Останатите планети продолжуваат да обработуваат теми од различни области поврзани со човековите права, сега со проширена содржина и подобрен систем на игра кој нуди подинамично и поинтересно корисничко искуство.

„Навигатор“ е резултат на заедничкиот ангажман на Јуроп Хаус, семејството на Обединетите нации во Северна Македонија, здружението за изработка на игри „Галактик Омнивор“, Македонското здружение на млади правници, а се реализира со поддршка од Министeрството за образование.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: СДСМ напорно работеше за потребите на жените, со оваа власт сè паѓа во вода
Следна Статија Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е хоспитализиран, тој е едно од затруените деца во „Димо Хаџи Димов“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43)…

December 21, 2024
ХРОНИКА

„Ќерка ти усмрти дете-мигрант, плати ни 30.000 евра“: Маж од Бугарија правел дрска измама во Македонија

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(59) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.…

February 17, 2025
ХРОНИКА

Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници

Сѐ уште трае постапката за испитување на причините за пожарот во Крива Паланка во кој животот го загубија двајца сопружници…

January 12, 2025
ХРОНИКА

Пожар во магацин на Железници во Кисела Вода, горат стари вагони

Пожар избувана во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода. Пожарот избувнал уште…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?