Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повторно блокади на граничниот премин Евзони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Повторно блокади на граничниот премин Евзони
БАЛКАН

Повторно блокади на граничниот премин Евзони

Објавено December 28, 2025 12:19
Сподели
Сподели

Граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција и денеска ќе биде затворен за сообраќај на сите возила во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин, и денеска, исто како и вчера најавуваат две четиричасовни блокади на границата за влез и излез од Грција на патнички и товарни возила.

Првата блокада ќе трае до 16 часот по грчко (15 по македонско време), по што границата ќе се отвори на два часа, а земјоделците одново ќе го затворат граничниот премин од 18 до 22 часот (17 до 21 часот по македонско време).

Во деновите околу Божиќ беа отворени автопатишта и гранични премини, а земјоделците од вчера одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција и се очекува и за Нова година, односно од вторник до петок одново да се тргнат блокадите, за да се олесни патувањето на граѓаните, но сепак тракторите ќе останат паркирани во една од коловозните ленти.

Од 57 блока низ цела Грција, 14 од нив, како и четири земјоделски здруженија, по состаноците одржани вчера бараат дијалог со Владата, објаснувајќи дека ова не значи дека се отцепуваат од заедничкиот фронт и појаснуваат дека станува збор за иницијатива за создавање услови за започнување дијалог.

Меѓу овие 14 блокови кои поддржуваат дијалог се и земјоделците на граничниот премин Евзони.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нинтендо открива детали за создавањето на Metroid Prime 4: Beyond
Следна Статија Враќање на неакцептирани новогодишни подароци? Можни се дополнителни трошоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Хрватски пратеник: Не може да се вработите во Европскиот парламент ако не сте хомосекуалец

Mислав Колакушиќ,хрватски европратеник објасува како функционира европската бирократија, поточно во Европскиот парламент. Според него, во таа зграда сите се хомосексуалци…

April 22, 2025
БАЛКАН

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

Македонецот Мартин Сипковски (21) кој загина од експлозија што се случи на 1 октомври околу 21:30 часот во стан на…

October 8, 2025
БАЛКАН

Ова е бизнисменот чие тело беше пронајдено закопано во шума: Познат мотивот за грозоморното злосторство

Во селото Јеловци кај Сумбуловац, општина Пале во Република Српска, пронајдено е закопано тело на маж. Според „Црна хроника“ пронајден…

January 14, 2025
БАЛКАН

Милановиќ победи во сите хрватски жупании, Приморац само во странство, двајцата одат во вториот изборен круг

Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во сите хрватски жупании, а најмногу гласови доби…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?