Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повторно одложено судењето за Веапоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повторно одложено судењето за Веапоска
МАКЕДОНИЈА

Повторно одложено судењето за Веапоска

Објавено February 14, 2025 20:20
Сподели
Сподели

Родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник, судницата ја напушти со солзи. Дешното рочиште закажано после цели 10 месеци, повторно беше одложено. Одбрана на прво обвинетите лекари Мухамед Асани, поранешен директор на струшката болница и неговиот син Блертон Асани го спори супервештачењето кое се чекаше безмалку една година, а требаше да го изработи судско медицински одбор од Медицинскиот факултет во Скопје. Во случајов потписници на овој важен документ се еден професор од Медицинскиот факултет во Скопје и двајца надворешни членови.

„Сега ќе треба од страна на институцијата да се произнесат дали при формирањето на тимот имало некакви пречки поради што се барани надворешни членови, или се скокнати членовите од некоја неоправдата причина.Меѓутоа заради таа цел го дадовме на произнесување и откако ќе го добијам одговорот ќе одлучам дали вештачењето ќе биде прифатено како доказ или не” вели судијата Јордан Јованов

Не верувам дека Медицински факултет ќе направи таков аматерски, почетнички чекор ова се потези на очајници-вели адвокатот на Веапоска.

„Знаете што е суштината овде, овде е суштината што супервештачењето покажува кој направил пропусти во оперативниот зафат“ вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Од мене направија инвалид – неутешна е Веапоска која три години чека правда, а има само една желба.

„Да има пресуда и да има затвор, да нема условна казна и еднаш засекогаш да знаат докторите дека ако има лекарска грешка таа грешка треба да биде пресудена и треба да имаат одговорност за секое сторено кривично дело“ вели Јулдиз Веапоска-родилка од Дебар

Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година, делото застарува во 2026-та година, судијата уверува дека до тогаш ќе има пресуда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново поглавје во животот до крајот на февруари за три хороскопски знаци
Следна Статија Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи, наместо ограничување на маржи – одлука во понеделник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нов антикорупционер ќе се бира во рок од 10 дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска

Оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска до Собранието, треба да биде констатирана на една од наредните седници, по што…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонска туристичка понуда претставена во Тајмс

Британскиот весник Тајмс ја наведе Македонија како „восхитувачка туристичка дестинација“ во листа во која се наброени и лагуни во Исланд,…

December 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова: Граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот

Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на ТИКА

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто…

April 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?