Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Подемот на АФД не се должи само на политиката за мигрантите, смета Меркел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Подемот на АФД не се должи само на политиката за мигрантите, смета Меркел
СВЕТ

Подемот на АФД не се должи само на политиката за мигрантите, смета Меркел

Објавено September 25, 2025 17:46
Сподели
Сподели

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината политика за бегалци од 2015 година била еден фактор, но не и единствената причина, за подемот на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Зборувајќи во интервју за Шпигел синоќа, Меркел истакна дека кога ја напуштила функцијата, АфД имала 11 до 12 отсто на анкетите, што укажува дека миграцијата играла улога во растот на партијата, но дека постојат и други причини. Таа не прецизираше кои би можеле да бидат тие причини.

Кога Меркел дозволи стотици илјади бегалци да влезат во Германија во 2015 година, антиимиграциската АфД не беше претставена во Бундестагот, долниот дом на парламентот. До федералните избори во 2021 година, партијата освои 10,3 проценти од гласовите. Денес, таа има помеѓу 24 и 27 проценти на анкетите и ги надмина конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц како најсилна партија во некои анкети.

Меркел беше претпазлива во врска со повиците од социјалдемократите за забрана на АфД.

Јас не сум адвокат и се фокусирам на прашањето што можам да направам во меѓусебните односи со демократите, во справувањето со проблемите што се јавуваат за да ги ограничам шансите на АфД – рече таа.

Меркел, исто така, ги пофали потезите на Мерц во надворешната политика за време на неговите први месеци на функцијата.

– Kако граѓанин, мислам дека она што Мерц го направи досега е добро. Утешно е што Германија повторно се ангажира со шарм и глас во Европа и во светот – рече таа.

Меркел, која порано ја водеше конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), претходно го критикуваше Мерц за неговото справување со миграцијата и за тоа што неговиот конзервативен блок ја протурка резолуцијата за миграцијата во парламентот со гласовите на АфД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие два хороскопски знаци, според Баба Ванѓа неочекувано ќе се збогатат во 2026 година
Следна Статија Во Србија граѓаните плаќаат поскапа струја од 13 држави во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп ќе направи огромни промени во глобалната автомобилска индустрија

Веднаш по неговата инаугурација минатиот понеделник, реизбраниот американски претседател Доналд Трамп веднаш презеде конкретни чекори поврзани со автомобилската индустрија. „Отстранете…

January 28, 2025
СВЕТ

Шок во Германија: Фридрих Мерц не доби доволно гласови за да стане канцелар

Иако се очекуваше дека лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, денес ќе биде назначен за канцелар на Германија, се чини дека…

May 6, 2025
СВЕТ

Гардијан: Економските последици од војната во Иран би можеле да доведат до изборен пораз на Трамп

Војната во Иран е многу непопуларна кај Американците, а зголемувањето на цените на нафтата ќе значи повисоки цени на долг…

March 15, 2026
СВЕТ

Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над…

June 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?