Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измен
МАКЕДОНИЈА

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измен

Објавено September 16, 2025 13:46
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денес при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и фрлање ѓубре на недозволени места. Одговарајќи на новинарско прашање дали ги забележал депониите покрај Вардар кај Сиричино кога доаѓал кон Јегуновце, премиерот кажа дека секој што ќе биде фатен на дело ќе биде најстрого казнет.

„Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години“, рече премиерот Мицкоски.

Освен законските измени, премиерот кажа дека вчера Министерството за животна средина испратило дописи до сите општини да ги расчистат дивите депонии и сметот да се одложи таму каде што му е местото.

„Јас ги повикувам и несовесните граѓани кои што ги формираат овие диви депонии да не го прават тоа затоа што сите оние кои што ќе бидат фатени ќе бидат најстрого казнети“, повика премиерот Мицкоски.

Денешната снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, премиерот Мицкоски кажа дека е само уште еден доказ дека постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите. И денес тој не сакаше прецизно да каже кои се тие центри на моќ, но повтори дека одговорот на прашањето кому му одговара ваква состојба го дава и одговорот на прашањето кој ги нарачува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се случуваше да нема терапија, но некои пациенти сепак ја добиваа, сведочеше медицинска сестра во случајот „Онкологија“
Следна Статија „Таа вечер имаше посебна енергија, чувствувавме како да е последен пат“, емотивна објава на гитаристот Горан Тонев шест месеци по трагедијата во „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска инаугурација на Трамп, ќе присуствува и премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД, ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Силата на една држава се мери и по храброста на нејзините луѓе да вложат и да создаваат

Компанијата „Реплек“ во годината кога слави 80 години постоење, прави нов визионерски чекор напред. „Реплек“ денеска ја отвори најновата инвестиција…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кекеновски: ЈО да ги истражи сомнежите за милионски матни бизниси на Заев во Дубаи

По сериозните обвинувања на бегалецот од Будимпешта на сметка на Заев кој наводно изнесол огрома сума на пари од Македонија…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Чачарова Илиевска: Не чувствувам одговорност да поднесам оставка, интерпелацијата е преседан

Тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судски совет и не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?