Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено обвинение за обид за братоубиство во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поднесено обвинение за обид за братоубиство во Скопје
ХРОНИКА

Поднесено обвинение за обид за братоубиство во Скопје

Објавено December 10, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице, за кое од доказите произлегува основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19, односно извршено во обид.

Обвинетиот 37-годишник, при вршење семејно насилство во семејниот дом во Марино, со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата.

Иако брат му бил сериозно повреден од ударите и изгубил свест, обвинетиот воопшто не се обидел да му помогне, туку легнал да спие. Следниот ден утрото забележал дека брат му лежи на истото место во локва крв, но повторно го оставил, а настанот го пријавил дури неколку часа подоцна. На оштетениот му биле констатирани повеќе тешки телесни повреди со кои му бил загрозен животот.

Јавниот обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познато кој ќе пее на плоштад во Скопје за дочек на Нова година
Следна Статија Истрага на ББС: Сперма со генетски ризик за рак користена во Македонија и Србија, зачнати 197 деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,…

July 5, 2025
ХРОНИКА

Измама во Тетово: лекар и адвокати фалсификувале медицински извештаи за да наплатат осигурување

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба…

December 13, 2024
ХРОНИКА

Фрлената бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово била активирана, но не експлодирала, соопшти полицијата

Министерството за внатрешни работи објави дека бомбата којашто беше фрлена утрово во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите…

October 21, 2024
ХРОНИКА

Почина Феликс, кучето кое крвнички беше претепано и малтретирано од постар скопјанец

Со бесконечна тага и огромно разочарување ви соопштуваме дека по долга, неуморна, тешка и посветена борба за спасување на животот…

January 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?