Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено обвинение за предметот „Адитив“ против 31 лице и пет компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поднесено обвинение за предметот „Адитив“ против 31 лице и пет компании
ХРОНИКА

Поднесено обвинение за предметот „Адитив“ против 31 лице и пет компании

Објавено February 27, 2025 19:56
Сподели
Сподели

Случајот „Адитив“ за местење тендери во РЕК Битола и РЕК Осломеј, оди кон разрешница. Многу звучни имиња беа предмет на истрага во изминатиот период меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство.

Неговиот наследник, Васко Стефанов, како и екс-директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе обвинение против 31-но физичко и пет правни лица. Кривичните дела што им се ставаат на товар се несовесно работење во службата; злосторничко здружување; злоупотреба на постапка за јавен повик: доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство и перење пари.

Обвинетите преку договарање овозможиле фаворизирање на одредени компании во тендерската постапка за набавка на адитиви за јаглен притоа стекнувајќи нелегална имотна корист и извршиле трансакции за перење пари во износ од 6,8 милиони евра со цел да го прикријат потеклото на финансиските средства.

Обвинителството бара конфискација на имот и парични средства како и продолжување на притворот за девет обвинети и куќен притвор за еден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведени поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и затворски полицаец, кривични пријави за 10 лица
Следна Статија Осуммина, меѓу кои и полицаец и мајка му се уапсени, откако 31 дете се најдени во куќа во БиХ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боре Видевски да оди во домашен или болнички притвор, бара неговиот адвокат (ВИДЕО)

Бојан Манев, адвокат на обвинетиот Боре Видевски вели дека неговиот клиент има нарушено здравје и дека ќе побара тој да…

April 9, 2026
ХРОНИКА

62 годишен силувал 30-годишна жена од штипско

На 23.10.2024, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(62) од штипско село поради постоење основи на сомнение…

October 24, 2024
ХРОНИКА

Кривична за мачење на животни за монструмот кој влечеше куче со автомобил низ Крива Паланка

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено…

May 11, 2025
ХРОНИКА

ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска информира дека согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?