Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поевтинуваат горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поевтинуваат горивата
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Објавено December 15, 2025 17:58
Сподели
Сподели

Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 65,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,248 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,635 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,932 отсто, кај дизелот за 4,357, кај екстра лесното масло за 1,790 и кај мазутот за 1,013 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
Следна Статија Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вработените во Пошта платата за април ќе ја добијат утре

Сите вработени во Пошта на Македонија платата за месец април 2026 година ќе ја добијат во текот на утрешниот ден,…

May 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска: Инфлацијата ќе забавува во следниот период и ќе се доближи до историскиот просек

Домашната инфлација е значително намалена во однос на врвот од крајот на 2022 година и е сведена на едноцифрено ниво.…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Производите од новогодишната кошница поевтиниле за 10 проценти, регистрирани ситни забелешки, уверуваат Дурмиши и Стојкоски

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании

Илон Маск официјално ги спои SpaceX и xAI, создавајќи единствен корпоративен ентитет кој, според проценките, станува највредната приватна компанија во…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?