Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожар во стан во Кисела Вода: Повредени станари, пожарникар и полицаец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пожар во стан во Кисела Вода: Повредени станари, пожарникар и полицаец
ХРОНИКА

Пожар во стан во Кисела Вода: Повредени станари, пожарникар и полицаец

Објавено February 20, 2025 08:20
Сподели
Сподели

Двајца станари, еден пожарникар и еден полицаец се повредени во пожар што избувна синоќа во зграда во скопската населба Кисела Вода, спроти Општината. Еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставија станарите под ведро небо, објави на Фејбук претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

-Веднаш со мојот тим се упативме на местото на настанот. Жителите на оваа зграда се евакуирани и во моментов се во мојот кабинет, на безбедно и топло и тука ќе останеме заедно. Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост! Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада од Скопје и МВР кои со својата професионалност беа на висината на задачата и пожарот е локализиран, што е најважно нема човечки жртви, напиша градоначалникот  Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до соседите за нивната смиреност и заедно, како што напиша, спречивме голема катастрофа.

-Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, ќе најдеме и преноќиште, а уште рано наутро ќе помогнеме со сите расположливи ресурси и оваа трагедија, заеднички ќе ја надминеме!, се вели во објавата на Ѓорѓиевски.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) Звонко Томевски утрово за МИА изјави дека пожарникарот бил пратен на снимање и потоа е вратен на работа

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи
Следна Статија (Видео) Реал го растури Сити, хет-трик на Мбапе, по Милан и Аталанта испадна и Јувентус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тетовското јавно обвинителство нареди обдукција на телото на починатото седумгодишно девојче

Јавен обвинител од ОЈО Тетово издал писмена наредба за обдукција на телото на седумгодишното девојче од тетовското село Челопек што…

September 22, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Овие злосторства заслужуваат правна, но и длабока морална осуда

Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Акција во Скопје и Куманово – уапсени неколку лица, запленето поголемо количество амфетамин

По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети…

July 3, 2025
ХРОНИКА

Апелација: Гаранцијата од 600 илјади евра- причина на нарко бос да му биде укинат притворот

Гаранцијата од 600 илјади евра во имот била пресудна Апелација да му го укине притворот на првоосомничениот водач на нарко…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?