Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожар на тешко достапен терен кај Валандово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пожар на тешко достапен терен кај Валандово
ХРОНИКА

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово

Објавено July 11, 2026 16:07
Сподели
Сподели

Пожар избувна денеска напладне на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово, а локалната самоуправа изрази сомневање дека огнот е намерно подметнат.

Според информациите од Општина Валандово, пожарот бил пријавен во 12:37 часот, по што на местото веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица Валандово. Пожарот во моментов е ставен под контрола, но неговото целосно локализирање е отежнато поради непристапниот терен.

Од Општината посочуваат дека првичните сознанија упатуваат на тоа дека не станува збор за случаен пожар, туку дека лицето кое го предизвикало, добро го познавало теренот и избрало локација каде што противпожарните екипи најтешко можат да интервенираат.

Паралелно со гаснењето на пожарот, од ТППЕ Валандово повторно апелираат граѓаните да не палат стрништа и други површини на отворено, потсетувајќи дека таквите постапки се казниви и претставуваат сериозна опасност за луѓето, имотот и животната средина.

Од противпожарната единица најавуваат дека против секое лице кое ќе биде затекнато или пријавено дека пали стрништа, ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции.

Надлежните ги повикуваат граѓаните секој забележан пожар веднаш да го пријават на телефонските броеви 193 или 112.

Овој пожар се случува само неколку дена откако Општина Валандово најави засилени мерки за превенција, вклучително и поинтензивни контроли и патроли на критичните локации. Воедно, потсетуваат дека и понатаму е во сила забраната за движење во шумите, освен за лицата кои поседуваат соодветна дозвола од ЈП „Национални шуми“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Градежен работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје
Следна Статија Почина репрезентативец на Јужна Африка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лажни дојави за бомби во СЦ „Јане Сандански“ и хотел „Русија“

На 22.11.2025 во 20:51 часот и 21:17 часот на линијата за итни повици 112 се добиени телефонски пријави за наводно…

November 23, 2025
ХРОНИКА

Пукање во Чаир, повредено едно лице

Денеска околу 18:10 часот во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата.…

October 14, 2024
ХРОНИКА

Во сообраќајна несреќа во Куманово тешко провредена сопатничка

Вчера околу 19.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово – Свети Николе и…

January 25, 2025
ХРОНИКА

Обвинителство спроведува истрага – петмина скопјани биле дел од терористичка организација

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството…

June 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?