Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Познати кандидатите за нов македонски судија во Стразбур
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Познати кандидатите за нов македонски судија во Стразбур
МАКЕДОНИЈА

Познати кандидатите за нов македонски судија во Стразбур

Објавено May 3, 2025 13:24
Сподели
Сподели

На списокот на пријавени кандидати, до кој дојде „360 степени“, меѓу другите, се наоѓаат Наташа Габер-Дамјановска, поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, како и членот и експретседател на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Судии, јавни обвинители, но и познати адвокати се наоѓаат на листата на кандидати пријавени за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кој треба да ја преземе функцијата на почетокот на следната година.

Заменик-директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, Илир Исени, исто така, е на списокот од 21 пријавен кандидат за местото на Македонија во судот во Стразбур.

И поранешната претседателка на Врховниот суд, која беше разрешена во 2021 година, Лидија Неделкова, е меѓу пријавените.

Даница Џонова, која како владин агент за застапување на земјава пред ЕСЧП, има искуство од работата со судот, исто така, поднела кандидатура

Како што објавија дел од медиумите вчера, меѓу пријавените се и јавната обвинителка Ленче Ристоска, како и судијката во Кривичниот суд, Оља Ристова.

Адвокатите Јордан Апостолски, Тони Менкиновски и Валентин Пепељугоски, исто така, се наоѓаат на списокот на пријавени на конкурсот распишан од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Се кандидирале и нивните колеги адвокати Иво Савиќ, Јелена Ристиќ, Соња Петрушева и Наташа Бошкова, која работи на прашања поврзани со човековите права и соработува со невладини организации во оваа сфера.

Судијката во Апелацискиот суд во Скопје, од кривичната област, Габриела Гајдова, исто така се наоѓа на списокот, како и нејзиниот колега од граѓанската област Илир Сулејмани (поранешен претседател на Основниот граѓански суд).

Тука се и судиите Андреј Димовски, Али Алиу и Едита Наскова, обвинителот Дејан Петрески и поранешниот член на Антикорупциската комисија Шемси Салаи.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера соопштија дека во наредниот период Меѓуресорската комисија што е формирана со одлука на Владата ќе ги разгледа пристигнатите апликации и ќе изврши интервјуирање на кандидатите, по што ќе пристапи кон процес на нивно рангирање.

Потоа, ќе бидат предложени тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа, согласно Европската конвенција за човекови права.

Мандатот за оваа функција трае девет години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар
Следна Статија Како да ѝ ја вратите белината на вашата облека

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бендевска: Провокација од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ за денот на ослободувањето на Битола

Избришан од Централен регистер на Македонија, бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ со седиште во Битола приреди провокација во пресрет на денот…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК

Големиот пожар што избувна во атарот на селото Јажинце во Општина Јегуновце е ставен под контрола по брзата и ефикасна…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи: Бубевски ми рече дека предметот Делчевски ниви со ЕВН е сензитивен и го набљудуваат големи политички моќници

Во случајот „Делчевски ниви“ обвинителот Гаврил Бубевски дојде и ми рече „ова е многу сензитивен предмет и го набљудуваат големи…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во сеќавање на жртвите од Кочани: Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани,…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?