Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Познати кандидатите за нов македонски судија во Стразбур
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Познати кандидатите за нов македонски судија во Стразбур
МАКЕДОНИЈА

Познати кандидатите за нов македонски судија во Стразбур

Објавено May 3, 2025 13:24
Сподели
Сподели

На списокот на пријавени кандидати, до кој дојде „360 степени“, меѓу другите, се наоѓаат Наташа Габер-Дамјановска, поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, како и членот и експретседател на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Судии, јавни обвинители, но и познати адвокати се наоѓаат на листата на кандидати пријавени за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кој треба да ја преземе функцијата на почетокот на следната година.

Заменик-директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, Илир Исени, исто така, е на списокот од 21 пријавен кандидат за местото на Македонија во судот во Стразбур.

И поранешната претседателка на Врховниот суд, која беше разрешена во 2021 година, Лидија Неделкова, е меѓу пријавените.

Даница Џонова, која како владин агент за застапување на земјава пред ЕСЧП, има искуство од работата со судот, исто така, поднела кандидатура

Како што објавија дел од медиумите вчера, меѓу пријавените се и јавната обвинителка Ленче Ристоска, како и судијката во Кривичниот суд, Оља Ристова.

Адвокатите Јордан Апостолски, Тони Менкиновски и Валентин Пепељугоски, исто така, се наоѓаат на списокот на пријавени на конкурсот распишан од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Се кандидирале и нивните колеги адвокати Иво Савиќ, Јелена Ристиќ, Соња Петрушева и Наташа Бошкова, која работи на прашања поврзани со човековите права и соработува со невладини организации во оваа сфера.

Судијката во Апелацискиот суд во Скопје, од кривичната област, Габриела Гајдова, исто така се наоѓа на списокот, како и нејзиниот колега од граѓанската област Илир Сулејмани (поранешен претседател на Основниот граѓански суд).

Тука се и судиите Андреј Димовски, Али Алиу и Едита Наскова, обвинителот Дејан Петрески и поранешниот член на Антикорупциската комисија Шемси Салаи.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера соопштија дека во наредниот период Меѓуресорската комисија што е формирана со одлука на Владата ќе ги разгледа пристигнатите апликации и ќе изврши интервјуирање на кандидатите, по што ќе пристапи кон процес на нивно рангирање.

Потоа, ќе бидат предложени тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа, согласно Европската конвенција за човекови права.

Мандатот за оваа функција трае девет години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар
Следна Статија Како да ѝ ја вратите белината на вашата облека

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лентите за М – ТАГ на патарините од полноќ само за електронски тагови

Лентите означени за M -таг на патарините во државава од ноќеска ќе бидат наменети исклучиво за користење со електронски тагови,…

June 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски на промоција на противпожарни возила во Криволак

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски на настан на армискиот полигон „Криволак“ за презентација на повеќе од 50 возила пренаменети за…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски…

November 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје – чисто и достоинствено

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје…

November 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?