Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Познато кога ќе има исплата на „Мој ДДВ“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Познато кога ќе има исплата на „Мој ДДВ“
ЕКОНОМИЈА

Познато кога ќе има исплата на „Мој ДДВ“

Објавено November 22, 2025 16:15
Сподели
Сподели

Иако веќе изминува месец ноември, дел од граѓаните сè уште го немаат добиено повратот од скенирање фискални сметки преку проектот „Мој ДДВ“. Сепак од Министерството за финансии смируваат – парите ќе легнат на сметките до крајот на месецов.

– Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот. За третиот квартал (јули–септември), законскиот рок до кога треба да се изврши исплатата е до 30 ноември 2025 година.

Најчестите проблеми поради кои има доцнење на исплатата на средствата се поврзани со погрешно внесени или неажурирани податоци за трансакциска сметка во системот на УЈП, велат од ресорот Финансии во изјава за „Локално“.

Во однос на шпекулациите во јавноста дека надлежните планираат да ја укинат мерката, од Министерството за финансии немаат конкретен одговор, туку велат дека мерката е законски утврдена и продолжува да важи, а исплатите се вршат во рамките на законски предвидените рокови.

– Доколку има промени, тие ќе бидат навремено и транспарентно соопштени од надлежните институции, појаснуваат од ресорот предводен од министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вардар подобар од Брера Струмица
Следна Статија Борис Бекер доби дете на 58 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кој и како ја пресметува струјата, од ИРМ бараат објаснување од ЕВН

ИРМ бара објаснување од ЕВН кој и како ја пресметува струјата? Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци…

May 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Продолжуваме да го развиваме авиосообраќајот во Македонија

Wizz Air започна со продажба на билети за новата авиолинија Скопје – Келн, објави Александар Николоски на својот фејсбук профил.…

August 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

ПАРИ: ЖИВОТОТ ПОСКАПЕЛ ЗА 3,3% – храната и угостителството најмногу ги зголемиле цените

По неколку месеци релативна ценовна стабилност, инфлацијата во Македонија повторно забрзува. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?