Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Покажаа дека се вистински спортисти: Дури ни Италијанците не сакаат да играат на местото на Иран на СП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Покажаа дека се вистински спортисти: Дури ни Италијанците не сакаат да играат на местото на Иран на СП
СПОРТ

Покажаа дека се вистински спортисти: Дури ни Италијанците не сакаат да играат на местото на Иран на СП

Објавено April 24, 2026 10:56
Сподели
Сподели

Италијанските спортски функционери го нарекоа денеска „срамен и нессодветен“ американскиот предлог Италија да го замени Иран на претстојното Светско фудбалско првенство.

Реакцијата уследи откако специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Паоло Замполи, во изјава за „Фајненшл тајмс“ потврди дека го иницирал предлогот до Трамп и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Настапот на Иран на мундијалскиот турнир е сè уште неизвесен, откако САД и Израел почнаа воздушни напади врз оваа земја кон крајот на февруари.

„Италија, четирикратниот светски шампион, не успеа да се квалификува за овогодишниот турнир со 48 репрезентации кои ќе играат во Северна Америка и нема настап на Светско првенство од 2014 година. Италија има педигре кое би го оправдала нејзиното учество“, рече Замполи во интервјуто за „Фајненшл тајмс“.

Италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди, цврсто ја отфрли идејата за влез на Италија на Светското првенство „низ мала врата“.

Италијанската репрезентација остана без пласман на Мундијалот откако во финалето од плејофот загуби од Бојан и Херцеговина.

„Евентуалното учество на Италија на Светското првенство во 2026 година, како прво, е невозможно и, како второ, несоодветно. Пласманот се заслужува на теренот“, изјави Абоди за „Скај њуз“.

На иста линија застана и претседателот на италијанскиот национален Олимписки комитет, Лучиано Буонфиљо.

„Прво, не мислам дека е можно“, рече Буонфиљо. „Второ, би се чувствувал навредено. Настапот на Светското првенство, мора да се заработи.“

Министерот за економија на Италија, Џанкарло Џорџети, ја нарече идејата „срамна“.

Светско првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Иран е во групата Г со Белгија, Египет и Нов Зеланд и сите три натпревари треба да ги игра во САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Jaмал се огласи по повредата: Ова не е крај, само пауза и ќе се вратам посилен и новата сезона ќе биде подобра
Следна Статија Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети за трагедијата во дискотеката Пулс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис

Поранешниот кошаркар на Феникс и Клиперс, Маркус Морис, е уапсен под обвинение за измама, објави „TMZ Sports“. Според информациите, 35-годишниот…

July 30, 2025
СПОРТ

Нови детали за здравствената состојба на Шумахер

Нови детали за состојбата на Шумахер се појавија во медиумите. „Дејли мејл“ повикувајќи се на повеќе извори, објавува дека седумкратниот…

January 26, 2026
СПОРТ

(Видео) Предводен од Меси, Интер Мајами го растури Њујорк

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси продолжи да блеска во МЛС лигата. Меси беше клучен играч на натпреварот помеѓу Интер Мајами и…

September 25, 2025
СПОРТ

Дали е ова иднината на фудбалот? Се одигра првиот меч на роботи со вештачка интелегенција

Првиот кинески фудбалски натпревар со роботска вештачка интелигенција 3v3 заврши во Пекинг, Кина, на 28 јуни. Турнирот во фудбал со…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?