Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Политико: ЕУ размислува за прием на нови членови без право на вето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Политико: ЕУ размислува за прием на нови членови без право на вето
СВЕТ

Политико: ЕУ размислува за прием на нови членови без право на вето

Објавено October 20, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава бриселски Политико од дипломатски извори.

Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им овозможил на новите држави да ги користат повеќето од придобивките од членството, а целосни права да добијат подоцна, откако ЕУ ќе спроведе клучни институционални реформи, вклучително и укинување на едногласното донесување одлуки во повеќето области.

Според овој предлог, земјите-кандидатки би можеле да станат членки под пофлексибилни услови, без потреба од измени во основачките договори на ЕУ, објаснуваат извори за бриселскиот портал.

Застапниците на проширувањето, вклучувајќи ги Австрија и Шведска, сакаат да ја искористат оваа иницијатива за да ги надминат блокадите што, велат, доаѓаат од Будимпешта и неколку други главни градови кои се плашат од губење на пазари или загрозување на националната безбедност.

„Идните членки треба да се откажат од своето право на вето сè додека не се спроведат реформски промени, како што е воведувањето на квалификувано мнозинство во донесувањето одлуки. Не смееме да дозволиме поединечните земји-членки да го забават проширувањето“, рече Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг.

Претходно, правилото беше дека проширувањето не може да биде можно без сеопфатна институционална реформа.

Сепак, обидите за укинување на правото на вето за постојните членки наидоа на отпор, не само од Унгарија, туку и од Франција и Холандија.

Хофрајтер наведува дека овој пристап би ѝ овозможил на Унијата да остане функционална дури и во проширен формат.

„Разговорите со претставниците на земјите од Западен Балкан покажуваат дека тие ја гледаат оваа идеја како конструктивна и реалистична“, додаде тој.

Овој потег, како што објаснува Политико, доаѓа во време на зголемена фрустрација кај земјите-кандидатки, кои веќе спроведоа значајни внатрешни реформи, но сè уште се соочуваат со неуспеси во процесот на пристапување.

„Хрватска беше последната што се приклучи на ЕУ пред повеќе од десет години, додека Велика Британија во меѓувреме ја напушти Унијата. Затоа верувам дека е време да се оживее овој процес“, изјави претходно црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ за „Политико“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го стави проширувањето во центарот на својата агенда, најавувајќи го можниот влез на Украина и Молдавија до 2030 година, но членките на ЕУ засега одбиваат да ги забрзаат процедурите.

Претходниот обид на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да го забрза проширувањето беше одбиен од неколку земји-членки, потсетува Политико.

В среда во Лондон ќе се одржи самит како дел од „Берлинскиот процес“, каде што лидерите на ЕУ ќе разговараат за понатамошната интеграција на регионот во ЕУ со претставници на Западен Балкан.

Според извори од ЕУ, Комисијата би можела да предложи продолжување на преговорите со кандидатите дури и без формална согласност од сите членки за секој чекор, со што би се избегнала можноста за вето, особено од Будимпешта.

Во нацрт-заклучоците за самитот на лидерите на ЕУ во Брисел во четвртокот, проширувањето дури и не беше споменато, што предизвика негодување кај земјите што го поддржуваат процесот.

„Доколку ЕУ не ги забрза реформите и проширувањето, ризикува да ја изгуби својата стратешка предност во корист на трети страни кои веќе ја чекаат својата можност“, изјави Клаудија Плаколм, министерка за европски прашања на Австрија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чупеска од СДСМ ги смета локалните избори за успех
Следна Статија Димитриевски објави убедливо водство во Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во Непал убиена и сопругата на поранешниот премиер

Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, почина откако беше жива запалена, кога нејзиниот дом беше запален за…

September 9, 2025
СВЕТ

Дали напаѓачот бил поблиску до Кирк отколку што се мислело: „Скај њуз“ ги реконструира настаните пред, за време и по убиството

Убиецот на десничарскиот инфлуенсер и сојузник на Трамп, Чарли Кирк, сè уште не е фатен. Полицијата објави слики од осомничениот…

September 12, 2025
СВЕТ

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези…

December 27, 2024
СВЕТ

ПАКИСТАН ЈА НАПАДНА ИНДИЈА! Прв воен напад, има мртви: Започна операцијата за одмазда (ВИДЕО)

По индиските ракетни напади врз три пакистански воздухопловни бази, Исламабад рано утрово го изврши својот прв воен напад на индиска…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?