Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полицаец осомничен дека крадел струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Полицаец осомничен дека крадел струја
ХРОНИКА

Полицаец осомничен дека крадел струја

Објавено April 30, 2025 19:52
Сподели
Сподели

Полициското одделение Матејче поднесе кривична пријава против свој вработен кој го сомничи дека крадел електрична енергија.


– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “ по член 235-а став 1 од КЗ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, во временски период од 01.03.2024 година до 09.01.2025 година С.Ш. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од село Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект.


Притоа електричната енергија не била регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби, со што на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и причинил материјална штета од 398.847 денари

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција, стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани
Следна Статија Новата трговска рута од Русија до Нигерија може да ја промени глобалната трговија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Удри по џебот за да им дојде памет -За еден ден изречени скоро 1000 сообраќајни казни

Според досегашните статистичко-компаративни анализи од континуираните и засилени сообраќајни контроли што се превземаат секојдневно на патиштата низ земјава, и натаму…

February 20, 2025
ХРОНИКА

Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

September 3, 2025
ХРОНИКА

Девојка загинала на скопска обиколница: Паднала од надвозникот и починала

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршиле увид на местото на…

January 2, 2025
ХРОНИКА

Уапсени 35 цариници и полицајци во вчерашната голема полициска акција

Во големата полициска акција за која информираше 24инфо.мк уапсени се најмалку 35 полицајци и вработени во Царина. Акцијата се одвивале…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?